1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција-Социјалистите се обидуваат да спречат катастрофален пораз

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqT5

По првиот круг од парламентарните избори во Франција левичарската опозиција бара начини како да спречи убедлива победа на конзервативниот блок на францускиот претседател Никола Саркози. Во таа насока опозициските Социјалисти се обидуваат да ги здружат силите со Либералите пред гласањето за вториот круг избори наредната недела. По победата на Саркози на претседателските избори неговата партија УМП освои речиси 40 проценти од гласовите. Социјалистите освоија 25 проценти. За точниот распоред на местата во парламентот ќе се одлучува во вториот изборен круг наредната недела. Учеството на изборите во првиот круг изнесуваше 60 проценти.