1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција ќе казнува негирање на геноцидот врз Ерменците

22 декември 2011

Франција ќе го казнува негирањето на геноцидот над Ерменците од Првата светска војна. Анкара во одговор најави повлекување на турскиот амбасадор од Париз, како што јавува турската државна телевизија.

https://p.dw.com/p/13Xgh
Парламентот во ПаризФотографија: dapd

Геноцидот над Ерменците е едно од најтемните поглавја од периодот на Првата светска војна. До денес турската влада тврди дека такво нешто никогаш немало. Повеќе од 20 земји во Европскиот парламент тогашните случувања ги оценија како геноцид, меѓу нив и Франција, каде живеат повеќе од половина милион Ерменци. Денеска Националното собрание во Париз го усвои предлог законот-негирањето на злосторството во иднина ќе се третира со казни - затворска до една година и парична казна до 45.000 евра.

На 24-ти април 1915-та година започна геноцидот со апсење на 235 ерменски интелектуалци во Истанбул. Меѓу 1915-та и 1917-та година според проценките беа убиени меѓи 600.000 и 1,5 милиони Ерменци. Од страна на тогашното Османлиско царство беа убиени и десетици илјади Асиријци и останати христијани.

Ерменскиот патријарх во Турција уште пред да биде усвоен законот ги критикуваше француските планови. Предлог законот е удар врз соживотот на Турците и Ерменците, изјави вчера патријархот. Според него долгата историја на Турците и Ерменците не смее секогаш да се посматра во сенка на поранешните болни случувања.

Автор: АТ/ ЖА/ кна

Редактор: Ж. Ацеска