1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Французин без екстремитети го преплива светот

БГ/миа18 август 2012

Параолимпиец од Франција, кому му биле ампутирани рацете и нозете успеа да ги преплива најблиските точки меѓу земјините континенти

https://p.dw.com/p/15sIZ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пливачот од Франција, Филип Круазон, кому пред 16 години му се ампутирани рацете и нозете, пливаше меѓу американскиот остров Мал Диомид и неговиот руски соименик Голем Диомид, со тоа завршувајќи го своето патешествие околу светот, коешто започна во мај.

Како што јавуваат француските медиуми, Филип Круазон  останал без екстремитети откако доживеал извонредно моќен струен удар. Тогаш лекарите морале да му ги ампутираат и двете раце и двете нозе. Меѓутоа, Филип не ја изгуби силата на духот и со помош на специјално дизајнирани протетски помагала одлучи да се справи со навидум невозможното: симболично да ги поврзе петте континенти, препливувајќи ги теснеците и каналите коишто ги раздвојуваат.

Philipe Croizon
Филип КроазонФотографија: picture-alliance/dpa

Овој подвиг Круазон го најави во април 2012 година, а уште во мај започна со неговото остварување.

Пред препливувањето на последната етапа од САД до Русија, Филип Круазон претходно преплива од Папуа Нова Гвинеја до Индонезија, соединувајќи ги Океанија и Австралија, потоа го мина Црвеното Море, со што ги поврза Африка и Азија, како и теснецот Гибралтар, кој ја дели Европа од Африка. Ноќта кон саботата Французинот го заврши своето патување од САД до Русија, поврзувајќи ги Азија и Америка. Својот потфат за поврзувањето на петте континенти, Круазон, како и што планираше, го заврши пред почетокот на Параолимписките игри во Лондон 2012 година.