1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Французите избираат нов претседател

СН/ЕМФ/афо/дпа/дапд/ртр22 април 2012

Како ќе реагира Франција на овие претседателски избори? Како фаворит за функцијата важи Франсоа Оланд , предизвикувачот на актуелниот претседател Никола Саркози.

https://p.dw.com/p/14j68
Фотографија: Reuters

Во Франција денеска (22.05) започна првиот круг од претседателските избори. Околу 44 милиони граѓани можат да го дадат својот глас на изборите. Последните анкети предвидуваат дека социјалистичкиот предизвикувач на претседателот Саркози, Оланд, има предност. Меѓутоа нему му недостасува неопходното апсолутно мнозинство за да оствари победа уште во првиот круг гласање, така што вториот круг на 6. мај треба да биде одлучувачки.

Граѓаните со право на глас во француските прекуморски територии гласаа уште во текот на вчерашниот ден. Речиси 900 илјади француски државјани со право на глас во Гваделупе, Француска Гвајана, Мартиник и Француска Полинезија еден ден порано можеа да се изјаснат на избирачките места за еден од десетте кандидати на претседателските избори. Исходот од ова гласање не се објавува за да нема влијание врз текот на денешните избори во Франција.

Frankreich Präsidentschaftswahlen 2012 Kandidat Francois Hollande
Фаворитот ОландФотографија: picture-alliance/dpa

Лоши изгледи за Саркози

Веќе со месеци социјалистот Оланд во сите анкети води пред претседателот Саркози, кој на овие избори се бори за втор мандат на функцијата. Во најновите истражувања на јавното мислење Оланд во просек добиваше 28 насто поддршка. Саркози пак, кој доаѓа од редовите на конзервативците, добиваше околу 26 насто поддршка. На третото место, со 16 проценти поддршка во анкетите, се наоѓаше кандидатката на десноектремистичкиот фронт, Марин Ле Пен. Во предвидувањата за исходот од вториот круг гласање пак, Оланд во анкетите добиваше 56 проценти поддршка, додека Саркози околу 44 насто.

Истражувачите на јавното мислење меѓутоа истакнуваат дека многу Французи до последен момент се немаат одлучено за кого ќе гласаат. Решавачки, според нив, ќе биде дали поддржувачите на поразените кандидати ќе излезат на гласање и во вториот круг на изборите и за кого тогаш ќе гласаат на 6. мај. И во вториот круг за победа е неопходно апсолутно мнозинство од дадените гласови.

Wahlkampfauftritt Nicolas Sarkozy Place de la Concorde
Колку беше успешна кампањата на Саркози?Фотографија: Bettina Kaps

Нема објавување резултати пред 20 часот?

Мандатот на францускиот претседател трае 5 години. Тековниот мандат на Никола Саркози официјално изминува на 15. мај.

Изборните места се отворени до 18 часот а во поголемите градови и до 20 часот. Дури потоа ќе бидат објавени првите прелиминарни прогнози за исходот од гласањето. Објавувањето на резултати од гласањето пред овој рок во Франција е забрането. Меѓутоа, во изминатите години забраната беше постојано прекршувана , пред се’ од медиумите во соседните држави - Белгија и Луксембург.