1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Француски милијардер „си бега“ во Белгија

Катерине Мартенс/ Александар Методијев20 октомври 2012

Францускиот парламент вчера (19.10) изгласа воведување на данок од 75 проценти за луѓето со годишни приходи преку еден милион евра. Еден од најбогатите луѓе на светот се чини дека не е воодушевен од тоа.

https://p.dw.com/p/16BoQ
Фотографија: AP

Чанти од Луј Витон, премиум шампањ од Мое – таму каде што има луксуз таму е и Бернар Арно. Тој е навикнат да биде во центарот на вниманието како шеф на луксузниот концерн ЛВМХ. Но, францускиот милијардер сега е на насловните страници бидејќи сака да стане Белгиец.

„Да, навистина, господинот Арно поднесе барање за белгиско државјанство“, потврдува Жорж Деламање од Белгиска комисија за прашања за државјанство.

Во изолираната богаташка населба во Брисел, 63-годишникот богаташ купи куќа. Точната адреса тој ја чува во тајност.

Француското толкување гласи, дека богатиот Француз бега од зголемените даноци за богатите.

За опозицијата во главниот град, добредојдена тема, данокот од 75 проценти ги протерува богатите Французи во странство.

Претседателот  Франсоа Оланд ја отфрла секоја критика на неговиот престижен проект, кој беше негово предизборно ветување:

„Овој данок е важен дел во санирањето на државата и ако санацијата биде успешна, тогаш овој данок може за две години да се укине“.

Предолго и прескапо за шефот на луксузниот концерн. Новоодбраната татковина привлекува патем со сосем невообичаен даночен подарок. Како Белгиец тој смее да живее и во Монако и, за разлика од Французите, да биде целосно ослободен од данок.