1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фратини: Невозможно е Македонија да остане надвор од ЕУ и НАТО

БГ/миа5 март 2013

Поранешниот еврокомесар Франко Фратини говореше за проширувањето на ЕУ и НАТО и за перспективите на Македонија на универзитет во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/17qTB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот еврокомесар и шеф на италијанската дипломатија Франко Франтини изрази поддршка за продолжување на проширувањето на Европската унија и НАТО, додавајќи сепак дека нема многу политичари во Европа кои стојат на оваа позиција. Фратини, кој вчера зборуваше во универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, е сериозен кандидат за нов генерален секретар на НАТО, по истекот на мандатот на Андерс Фог Расмусен во 2014. година.

„Поради кризата, но само поради кризата, низ Европа се прошири чувство на замор од проширувањето, на Европската унија и на НАТО. Моите пријатели во Македонија тоа добро го знаат. Јас останувам убеден дека проширувањето претставува додадена вредност за Европа. Не можам да негирам дека постои чувство на замор од проширување, и тоа чувство ќе трае уште одредено време, нема да исчезне преку ноќ. Пoлитичарите и водачите во Европа и во НАТО треба да им објаснат на своите граѓани дека во многу глобализиран и меѓусебно поврзан свет, едноставно не е возможно да се остави одредена земја, која географски е целосно европска земја, надвор од вратата. Мислам на вашата земја, на другите земји во Европа, мислам и на Турција. Тоа е мое мислење, останувам убеден во тоа, и тоа се однесува и на НАТО. Ако зборуваме за проширувањето на НАТО, вашата земја или земјите на Кавказот како Грузија, мораат да ги исполнат обврските, како што се обврските за владеење на правото или за улогата на судството. Но, штом ги исполнивте условите, јас сум против држење на вратите затворени. Сепак, јас сум во малцинство со ваквото мислење во овој момент, изјави Фратини, обраќајќи се на Македонците,на прашањето кои се неговите очекувања за иднината на процесот на проширување на НАТО и на Европската унија.