1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фрајбург ги задржа шансите за Европа

ЕМФ/дв6 мај 2013

Екипата на Фрајбург и по 32-то коло останува со шанси да се пласира на едно од местата кои водат во Европскиот куп. За место во Европскиот куп се бори и Борусија Менхенгладбах, која беше поразена од Шалке со 0:1.

https://p.dw.com/p/18SiY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Благодарение на победата над Аугсбург од 2:0, фудбалерите на Фрајбург можат и натаму да се надеваат на излез во Европа. Аугсбург пак, со поразот, ги загуби шансите да се извлече од дното на табелата, каде е на претпоследно место.

Во вториот натпревар од Бундеслигата што се одигра вчера (05.05) Хамбургер и Волфсбург се разделија со нерешен резултат 1:1.

Во саботата (04.05) во дуелот кој беше тест пред финалето на Лигата на шампиони, Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен, беше постигнат исто така нерешен резултат 1:1. Нерешено беше и на натпреварот меѓу Хановер и Мајнц 2:2, како и на дуелот меѓу Вердер Бремен и Хофенхајм 2:2. Фортуна Диселдорф, која се бори за опстанок, доживеа пораз од 1:3 од Ајнтрахт Франкфурт. Гројтер Фирт пак, кој сигурно ја напушта Бундеслигата, малку го поправи бодовното салдо со победата над Штутгарт со 2:0.

Бајер Леверкузен со победата над Нирнберг од 2:0 си го осигура местото во Лигата на шампиони наредната сезона. За место во Европскиот куп се бори и Борусија Менхенгладбах, која во ова коло беше поразена од Шалке со 0:1.