1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалската обземеност е заменета со кошаркарската!

Златко Калински2 јули 2012

Репрезентација на Македонија во Венецуела ги започнува квалификациите за учество на Олимписките игри во Лондон. Вечер во 23 часот по македонско време, првиот противник е Ангола.

https://p.dw.com/p/15P8F
Фотографија: dapd

Започнува ли новиот узлет на македонската кошарка. Ќе се надмине ли Литванија, ќе бидат ли на дофатат и олимписките височини? Сево ова денеска е во мислите на спортската јавност, желна за успех, за пат во Лондон. Генералниот секретар на КФМ, Дејан Лекиќ е врската со експедицијата во Каракас.

„Ова е еден голем, огромен предизвик од секој аспект. И натпреварувачки и организациски, особено ако се земе значењето на овој настап што се може да ни донесе, не само како кошарка, како спорт, како организација, туку на целата наша нација.“

Аклиматизацијата, прв приоритет

Подготвките за исклучително тешкиот турнир во Каракас беа реализирани во голем временски теснец од сеуште незавршената сезона на клупската кошарка. Лекиќ прави резиме за подготвителните ефекти:

„Имавме тренинг-камп во Литванија и одигравме натпревари против Русија и Литванија. Во САД, во Атланта одигравме два многу важни мечеви низ седумдневните подготвителни денови. Последните две средби во 5-дневните подготовки беа во Порторико. Во сево ова најбитно беше играчите да се аклиматизираат на временската зона , но и на природните услови, што ќе ги очекуваат во Венецуела и во Каркас. Мислам дека во тоа успеавме.“

Marjan Lazovski, Trainer des mazedonischen Basketballteams
Марјан Лазовски, селектор на македонската кошаркарска репрезентацијаФотографија: DW

Првпат настап вон Европа

Турнирот е во Венецуела, земја во која владее силен политички набој. „Полиедро де Каракас“ е салата во која ќе се игра турнирот:

„Ние прв пат учествуваме било официјално, било неофицијално надвор од Европа! Во секој случај има свои специфики. Политичката состојба во Венецуела, која го преокупира целиот свет е таква, каква што е, но ние се обидуваме да се изолираме од сите тие настани, се обидуваме да ги држиме играчите и стручниот штаб да бидат концентрирани на тоа што е нивната работа таму.“

Играчките квалитети, но и амбиентот и другарството ја красат оваа генерација македонски кошаркари. Тоа беше еден од силните адути да се стигне до битка за Олимписките игри.

„Ова е една генерација на кошаркари, која игра уште од кадетските и јуниорските денови заедно. Тоа особено се однесува на оние, најискусните. Она што е најбитно во создавањето на таа меѓусебна хемија е тоа што сите тие се другари и пријатели и надвор од кошаркарските терени. Можам со гордост да кажам дека и сите ние од кошаркарската федерација и од стручниот штаб зедно со играчите живееме како семејство. Сите проблеми и сите убави работи ги минуваме заедно, а тоа ниво на другарство и на поддршка постојано се зголемува.“

Eurobasket 2011 Viertelfinalespiel Mazedonien Litauen
Фотографија: dapd

Против Ангола фаворити на хартија

Првиот вечерашен противник е Ангола. Тим кој игра брза кошарка. Хендикепот на високи играчи, го компензира исклучителната прецизнот, се сознанијата за претставникот на Африка.

„На хартија, можеби сме ние фаворити, меѓутоа кога судиите ќе ја потфрлат топката се соочуваат петмина наспроти пет играчи и она што ќе се случува во наредните 40 минути на теренот е најважното. Ќе ја изразам огромната желба и мотивација за да го пренесам расположението во реперезентативниот состав.Тоа е пред се желбата да ја израдуваме нашата држава. Се надевам на се најдобро, но она што ќе го ветам во името на сите, е дека ќе дадеме се од себе, срцето ќе го оставиме на терен и со кренати глави ќе се вратиме. А, се надевам и со олимписка виза“- заклучува Дејан Лекиќ, генералниот секретар на КФМ.