1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбал ЕП

18 јуни 2004

Хрватската фудбалска репрезентација, се избори за нерешен резултат 2:2 на вчерашниот натпревар против актуелниот европски првак Франција. Англија ја порази Швајцарија со 3:0 и се врати во игра за пласман во четвртфиналето

https://p.dw.com/p/AenH
Хрватски навивачи
Хрватски навивачиФотографија: AP

Хрватска извлече реми, а лесно можеше да оствари и победа доколку во последните моменти од мечот, Ивица Морнар, беше поснаодлив пред голот на Бартез. Франција, дојде во водство во 22 минута со автоголот на Тудор, кој неспретно реагираше по изведениот слободен удар на Зинедин Зидан.

Хрватска , направи целосен пресврт со пеналот во 48 минута кој го реализираше Рапаич, и голот на Дадо Пршо во 52 минута. За да нема изненадување се погрижи Давид Трезеге, кој во 64 минута, повторно по грешка на Тудор, го постигна израмнувачкиот гол.

Хрватскиот селектор, Ото Барич, изјави дека неговиот тим бил подобар и дека заслужил најмалку нерешен резултат. “ покажавме дека сме вистински тим, бевме дури и подобри но добро е, имаме игра, желба и против Англија, мислам дека тоа можеме да го постигнеме, изјави хрватскиот стратег

Задоволен од играта на неговата репрезентација е и играчот на Херта од Берлин, Нико Ковач:

"Мислам дека денеска сите дојдовме до нашите граници, одигравме многу добро против Франција, која важи за главен фаворит. Но како што можеше да се види, не смее човек да не потценува, некогаш играме лошо, како против Швајцарците, но играме и добро што го поажавме на овој натпревар, значи, можеме да бидеме непредвидливи и не треба да не отпишуваат"