1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фуере: датумот за преговори не мора да се чека до следната есен

Горан Петрески10 ноември 2008

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, за ДВ изјави дека доколку земјата ги исполни задачите од ЕУ, Европската Комисија може да определи датум за почеток на преговори за членство. Изборите напролет се клучни.

https://p.dw.com/p/Fqvl
Една од средбите на амбасадорот Фуере со македонскиот министер за евроинтеграции, БоцевскиФотографија: MIA

"Македонија не мора да чека до следната есен за да го добие датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ", вели за Дојче Веле, амбасадорот на ЕУ во земјата, Ерван Фуере. Тој појаснува дека мониторингот на Брисел врз Македонија е постојан и Европската комисија може да определи датум веднаш штом ќе се создадат услови за тоа. Ова подразбира исполнување на осумте задачи кои ЕУ му ги даде на Скопје во март годинава, вели Фуере. Toj нагласува дека изборите напролет ќе бидат клучни и тие мора да бидат спроведени во најдобар можен ред. Фуере нагласи дека Европската комисија и во извештај, јасно кажа дека нејзиниот мониторинг ќе биде постојан и ќе ги регистрира сите промени и остварувања кои што ќе се случат во меѓувреме и додаде: „Ако земјата, а во прв ред политичките лидери демонстрираат перманентен политички дијалог, ако видиме парламент кој нема да го употреби правото на итност во донесувањето на законите како во јули годинава, ако нема бојкот - тоа ќе бидат одлични аргументи за Комисијата да ја преиспита оценката и да препорача датум за започнување на преговорите“, вели Фуере.

Потребен е постојан политички дијалог

Евроамбасадорот верува дека политичарите во Македонија имаат капацитет да ја водат земјата кон интеграција во ЕУ, но тоа треба да го демонстрираат и во реални остварувања. Фуере препорачува државниот врв да се вклучи во дискусија со граѓанското општество, со академските кругови, за да осигура позитивна демократска клима која е од витално значење за иднината на земјата. Фуере констатира дека во земјата постои силен демократски капацитет на институциите кој за жал не е постојан. “Тоа го видовме за време на изборите и со проблемите во парламентот“, вели Фуере. Тој појаснува дека задача на ЕУ е да го охрабри политичкото раководство во Македонија на постојан дијалог што ќе стане вообичаена пракса, а не нешто невообичаено. Амбасадорот нагласува дека приближувањето на земјата кон Унијата подразбира и да се има косензус околу важните прашања, кој ќе овозможи нормално функционирање на институциите и спроведување на неопходните реформи. Тоа според него е нешто што и граѓаните на Македонија го очекуваат од политичарите.

Crvenkovski - Gemeinden in Mazedonien - Messe
Фуере бара од политичарите да се вкучат во дискусија со граѓанското општествоФотографија: Macedonian Information Agency