1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фукуда иден јапонски премиер

23 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BifJ

Јапонските либералдемократи денеска го избраа 71 годишниот политичар Јасуо Фукуда за нов партиски шеф откако досегашниот Шинсо Абе поднесе оставка. Фукуда со ова е и кандидат за иден премиер. Тој важи за искусен политичар на умерената струја која се залага за поблиски односи со азиските земји. Вети дека неговата земја ќе ја продолжи борбата против тероризмот и ќе се посвети на економскиот напредок. Противкандидат му беше бившиот шеф на дипломатијата Таро Асо. По серијата скандали и лоши изборни резултати во јули, Абе поднесе оставка на 12 септември.