1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

150409 Kuba USA

15 април 2009

По речиси педесет години од воведувањето на ембаргото за Куба, американскиот претседател Барак Обама најавува промена на курсот во политиката кон соседната земја. Куба реагира воздржано на промените.

https://p.dw.com/p/HXDS
Затоплување на американско кубанските односи?

Барак Обама ги зголеми надежите на Кубанците. Уште со неговиот избор се очекуваше промена на американскиот курс кон Куба, а сега тој презема и конкретни мерки коишто ги вети уште во предизборната кампања. Кубанците во егзил може неограничено да патуваат на Куба и на роднините да им испраќаат неограничена сума пари. Во времето на неговиот претходник Џорџ Буш, Кубанците во егзил можеа да ја посетат родната земја на секои три години. Од ова правило немаше исклучок, ниту ако се работеше за смртен случај во семејството. Паричната помош беше ограничена на тристотини долари годишно.

Промената на правилата од Вашингтон донесе радост на улиците на Хавана. „За нас Кубанците ова претставува голема радост“, вели едно момче. Според еден постар човек и двете земји се виновни за кавгите. „Но, сега ќе ни оди подобро“, смета тој. „Мојата најголема желба е мажот ми да не посети, за да си ги запознае ќерките,“ вели оваа жена од Хавана.

Поддршка на американските мерки доаѓа од оние коишто добиваат пари од роднините во САД. Оној кој нема роднини во соседната земја или не работи во туристичката бранша и понатаму нема пристап до девизи. Поради ова во кубанското општество дојде до социјална поделба на оние кои имаат долари и Кубанците коишто живеат со месечна плата од 13 евра која им се исплаќа во кубански пезоси. Со овие пари не може да се купат многу од секојдневните потреби. Оној што има само пезоси е сиромашен. Овој јаз ќе се продлабочи со одлуката за неограничено испраќање на парична помош од САД на Куба.

Straßenszene in Havanna Symbolbild Kuba
Луѓето на Куба се надеваат на промена во однсите со САДФотографија: picture-alliance / dpa

Рампата останува за Американците без кубанско потекло

На режимот во Хавана му е потребен секој долар којшто доаѓа во земјата, меѓу другото и за да може да се исплати увозот на храна и други производи од САД. Во земјата влегуваат девизи и преку туризмот, бидејќи Куба е една од омилените туристички дестинации. Но во кубанските хотели нема американски туристи. Заменик министерот за туризам, Марија Елена Лопез затоа реагира резервирано. „Ние сме подготвени за туристи и чекаме. Досега американскиот претседател Барак Обама не се изјасни директно за ова прашање.“

Факт е дека се’ уште нема дозвола за патување на Куба за Американците кои немаат кубанско потекло. Остануваат на сила и ограничувањата за академски контакти и студиски патувања. Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро отсечно реагираше на веста од Вашингтон - на мојата земја не и треба милостина. Кастро го повика Обама целосно да го отстрани ембаргото кое трае 47 години. Но, Обама практично не може да го стори тоа бидејќи забраните се содржани во пакет законски мерки, кои може да ги смени само Конгресот и тоа многу тешко. Значи Обама останува на курсот на блокада.

Fidel Castro
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро бара целосно отстранување на ембарготоФотографија: dpa - picture alliance

Со ваквите обвинувања Обама ќе се конфронтира на првата средба со латиноамериканските претседатели в петок во Тринидад и Тобаго. Куба од 1962 година е исклучена од средбите на Организацијата на американски држави. Мнозинството земји сакаат да и се врати назад членството на Куба. Може да дојде до проверка на силите, или признавање на Обама, ако дозволи на преговарачката маса да се најде и прашањето за враќање на членството на Куба.

Но, за сега останува свежиот ветер од новата американска политика кон Куба, и надежта на единаесет милиони Кубанци.

Автор: Михаил Кастритиус / Невена Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска