1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг бара потерница за апсење на Гадафи

16 мај 2011

Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг побара да биде распишана потерница за апсење на либискиот лидер Моамер Гадафи и неговите најблиски соработници под обвинение за извршени злосторства против човештвото.

https://p.dw.com/p/11HFM
Моамер ел ГадафиФотографија: AP

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Луис Морено Окампо потврди дека побарал да бидат издадени налози за апсење на либискиот лидер Моамер Гадафи, на неговиот син Сеиф ал Ислам, како и на шефот на разузнавачката служба Абдула ал Сануси, поради „широко распространети и систематски напади врз цивили“.

Судиите на Меѓународниот кривичен суд треба да се изјаснат дали ќе биде издаден налог за апсење на Гадафи и неговите соработници.

Морено Окампо изрази уверување дека постои основа за покренување на обвинение против Гадафи и неговите најблиски соработници. Според него, само во февруари во насилствата во Либија се убиени од 500 до 700 лица.

Триполи претходно објави дека ќе ги игнорираат одлуките на Обвинителството и на судиите на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Либија, како и многу африкански земји и САД, не го потпиша Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Жана Ацеска