1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг: Пресуда во полза на Германија во спорот со Италија околу воените репaрации

3 февруари 2012

Меѓународниот суд на правдата донесе пресуда со која потврди дека државата Германија ужива имунитет во приватни тужби за нацистичките злосторства пред судови во други земји.Процесот во Хаг против Италија траеше од 2008.

https://p.dw.com/p/13wJB
Делегациите на Италија и на Германија ја слушаат пресудата на МСП во ХагФотографија: dapd

Јуни 1944 година. Во црквата во Цивитела штотуку започна утринската богослужба, кога војниците од дивизијата Херман Геринг го нападнаа селото. Повеќе од 200 жители загинаа во ова воено злосторство во Тоскана. Преживеаните од масакрот и некои роднини на жртвите во изминатите години пред италијанските судови се бореа за финансиска отштета од државата Германија - и во најголем број случаи победуваа. Дури и Врховниот суд на Италија ги потврди пресудите: Германија мора да плати за нацистичките злосторства, пресуди судот. Притоа стануваше збор за отштета од повеќе милијарди евра.

Besetzung Roms durch die deutsche Wehrmacht 1943
Германските окупатори во ИталијаФотографија: picture-alliance/akg-images

Тужба од 2008-ма година

Германската влада беше принудена во 2008-ма година да го вклучи во расправата Меѓународниот суд на правдата во Ден Хаг. Пред судиите во највисокиот суд на ОН , таа го застапуваше ставот дека пресудите донесени во Италија не се во согласност со меѓународното право, бидејќи тие пресуди го прекршуваат правосудниот имунитет кој Сојузна Република Германија го ужива според меѓународното право. Според него, италијанските судови воопшто не требало да ги прифатат приватните тужби против германската држава. Министерството за надворешни работи укажа на тоа дека преговорите за отштета се водат меѓу две држави. Германија, на пример, според спогодбата од 1961-ва година и‘ платила на Италија репарации во висина од 40 милиони марки. Според италијанските правници меѓутоа, повредата на човековите права има поголема тежина од имунитетот на една држава. Затоа Германија во минатото била повеќекратно осудувана.

Internationaler Gerichtshof Nazi-Verbrechen Deutschland Italien
Меѓународниот суд на правдата пресуди во полза на ГерманијаФотографија: dapd

Имунитетот на државата

Меѓународниот суд на правдата денеска меѓутоа пресуди во полза на Германија и ги прифати нејзините правни аргументи. „Италијанските судови не го признале државниот имунитет на Германија и со тоа не ги исполниле своите обврски кон меѓународното право“, изјави судијата Хисаши Овада, читајќи ја пресудата во Палатата на слободата во Хаг. „Пресудите во Италија кои ја обврзуваат Германија да исплати отштета за нацистичките злосторства по основа на приватни тужби, не се во согласност со меѓународното право. Приватни лица во ваков случај не смеат пред странски судови да поднесуваат тужби против друга држава“, порача судијата Овада.

Само во Италија против Германија се поднесени преку 80 тужби со околу 500 тужители. Станува збор најчесто за преживеани жртви на нацистичките злосторства, воени заробеници и принудни работници во Третиот Рајх. И Грција беше инволвирана во процесот. Имено, роднини на жртвите од еден масакр на СС- единиците во местото Дистомо го добија процесот против државата Германија пред еден италијански суд.

Автор: Лудгер Кажмирчак/ Симе Недевски/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска