1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хакер: свинскиот грип мораме сериозно да го сфатиме

29 април 2009

И покрај повисокиот медицински стандард во споредба со Мексико, можните последици од свинскиот грип во Европа не треба да се потценуваат - предупреди претседателот на институтот Роберт Кох од Германија, Јерг Хакер.

https://p.dw.com/p/HgGd
Во Германија постои план за постапување во случај на опасни болестиФотографија: AP

Во Мексико и во САД е во пораст бројот на заболените. Колку, според вас, е опасен новиот предизвикувач на свинскиот грип?

Хакер: На ситуацијата веќе гледаме со голема загриженост. Новиот вирус ги има наследните гени од вирусите кои се појавуваат кај луѓето, птиците и свињите. Значи, една нова варијанта. И уште гледаме дека овој вирус многу добро се пренесува од човек на човек, што значи целосно загрижувачка ситуација.

Впечатливо е дека меѓу жртвите почесто се млади и здрави луѓе, отколку мали деца и стари, кои вообичаено се вбројуваат во ризичната група за грип. Имате ли некакво објаснување за ова?

Хакер: Не знаеме на што се должи ова. Може да шпекулираме дека зависи од имунитетот, кој кај одредени старосни групи различно реагира. Но, во суштина, ова е една од точките што засега не можеме да ја објасниме.

Има ли овој нов вирус на свински грип толкава сила и може ли да биде подеднакво катастрофален како Шпанскиот грип, кој на почетокот на минатиот век однесе повеќе милиони животи во светот?

Хакер: Ова не го знаеме. Но, ситуацијата денес е поинаква од пред деведесет години. Меѓутоа, изгледа дека овој вирус многу лесно се пренесува од човек на човек. Видовме како од Мексико се прошири и во САД и Канада.

Господине Хакер, сега има и позитиви вести. Според информациите на властите, повеќе од 60 проценти од болните во Мексико се на пат на зазадравување. И во САД се` уште нема смртен случај меѓу заразените. Може ли инфекцијата добро да се третира?

Хакер: Навистина добра вест е дека инфекцијата може да се третира. Лековите што вообичаено се применуваат за лекување грип, делуваат и во овие случаи. Толку знаеме од американските колеги. Класата на супстанци во таканаречениот Неуранимидас-Хемер, која ја имаме и во Германија, изгледа дека делува. Втора работа е што во Америка, Северна Америка, САД, Канада станува збор за релативно послаби случаи, кои оттука ги следиме, во Мексико стануваше збор за покомплицирани случаи.

Дали е веројатно постоечката форма на вирусот да мутира? Постои ли ризик предизвикувачот на болеста и натаму да се менува до тој степен, што врз неа нема да може веќе медицински да се влијае?

Хакер: Ова не може да го исклучиме. Наследниот материјал на овој предизвикувач е многу флексибилен, подлежи целосно на промени. Едноставно мора да почекаме. Не можеме да претскажуваме. Сега вирусот релативно лесно се пренесува од човек на човек. Но, комплетно е отворена можноста тој да мутира и мора да сметаме и на натамошни промени на наследниот материјал.

За секој нов бран грип постојат резерви на вакцини. Може ли уште сега да се каже дали на било кој начин постоечките вакцини се корисни за сузбивање на новите варијанти на болеста?

Засега не може ништо да се каже. Нејасно е. Затоа при третманите се потпираме, пред се‘, на препаратите кои тука се делотворни.

Каква е ситуацијата во Германија, како се подготвуваат германските власти? Како се подготвува Институтот Роберт Кох?

Веќе неколку години, поточно од 2005 година, имаме национален план за справување со пандемии. Вакви планови постојат за сојузните држави. Мора да се каже, тие имаат надлежност за ваквата проблематика. Институтот Роберт Кох има советодавна функција. Во случај на заболени во Германија, се применува планот за делување во услови на пандемија. Ова значи дека најпрвин болните ќе бидат оптимално згрижени, затоа што мора да се изолират од населението. Појаснувањата и информациите за болеста се многу значајни, исто како и користењето лекови. Нам ни е исклучително важно Националниот центар за заразни болести да биде во состојба брзо да го потврди причинителот. Претставници од покраините имаа деновиве интензивни разговори со експертите на Институтот Роберт Кох. Тие добија задача да спроведат соодветни препопраки, што ќе бидат објавени и на веб страницата на Институтот Роберт Кох.

Свинското месо не е опасно за консумирање. Доколу човек сака да се заштити, што може да направи во Германија ?

Да, свинското месо не е опасно. Ова е важно. Во случаи на инфекција, она што може човек да го направи е одржување интензивна хигиена. Ова во секој случај е битно. Треба да се знае дека вирусот се пренесува како респираторна инфекција, преку капките од кивање, кашлање и говорење. Ако се забележат симптоми на грип, како покачена температура над 38 степени, раздразнето кашлање, болки во екстремитетите, намален апетит - треба веднаш да се отиде на лекар и состојбата да се испита.

Господине Хакер, дали е подобро во моментов да не се патува во Мексико?

Министерството за надворешни работи се‘ уште не издало опомена за патувања. Водиме соодветни разговори и сметам дека треба да се почека што во наредниот период ќе сугерираат колегите од МНР, кои се надлежни за ова.

Германија е високоразвиена земја. Доколку овој вирус на грип понатаму се проширува, стравувате ли дека во прв ред ќе бидат загрозени неразвиените и земјите во развој?

Хакер: На ова засега може да се одговори само шпекулативно. Но, природно е дека државите како Германија, САД, Канада, кои имаат високоразвиени здравствени систем, можат подобро можат да се справат со овие зарази. Затоа е значајно Светската здравствена организација, која тука игра важна улога, но и останатите меѓународни организации, да помогнат и да го сопрат бранот што почна да се шири.

Можете ли да оцените колку долго ќе потрае овој бран?

Во моментов ова се уште не може да се каже...

Автор: Силвиа Енгелс/ Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска