1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас го контролира појасот на Газа

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AwkH

Радикално-исламистичкото движење Хамас по петдневни борби практично ја презема контролата врз појасот на Газа откако денеска го освои и последното големо упориште на безбедносните сили на ривалската организација Фатах. Лидерот на Фатах и претседател на Палестинците Махмуд Абас денеска треба да даде изјава во однос на состојбата во автономните области. Беше најавена и можност тој притоа да ја распушти владата на национално единство составена од претставници на Фатах и на Хамас. Досега во борбите меѓу приврзаниците на двете партии убиени се повеќе од 80 лица. Тие не запреа ниту по синоќешниот повик на претседателот Абас и палестинскиот премиер од редовите на Хамас Исмаил Ханија за сопирање на насилството. Советот за безбедност на ОН во меѓувреме врши консултации околу можностите за испраќање на мировни трупи.