1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

051008 Bundesliga Sonntag

6 октомври 2008

Хамбургер е победник на седмото коло во Бундеслигата. Со синоќешната, помалку среќна победа во дуелот против Енерги Котбус со 2:1, Хамбургер повторно се најде на врвот на табелата. Баерн Минхен ремизираше против Котбус.

https://p.dw.com/p/FUfu
Од натпреварот во ХамбургФотографија: picture-alliance /dpa

Стрелец на победничкиот гол за Хамбургер беше хрватскиот голгетер Младен Петриќ, во 90. минута од натпреварот. Ова беше шести гол во четири едно подруго натпревари за Петриќ. Хамбургер дојде во водство со голот на Ивица Олиќ. Израмнувањето беше дело на Бранко Јелиќ. Со победата Хамбургер сега има три бода предност пред Хофенхајм и Штутгарт, кои се на делба на втората и третата позиција. Тренерот Мартин Јол е задоволен:

„Имавме среќа што го имаме Петриќ. Тој е еден млад играч, кој постигнува гол од полушанси и тоа вечерва и го направи. Мислам дека победивме заслужено, бидејќи имавме повеќе шанси за гол„ изјави тренерот на Хамбургер Јол

Неговиот колега од клупата на Енерги Котбус, Бојан Прасникар, беше разочаран:

„Штета што дозволивме да направиме ваква грешка. Но сепак морам да кажам дека Хамбургер е еден добар тим, против кого одигравме еден добар натпревар. По водството и по израмнувањето бевме во игра, но сепак на крајот загубивме на концентрација„ изјави Прасникар

Драма во финишот и во Гелзенкирхен

Гол во финишот на натпреварот падна и на дуелот во Гелзенкирхен, помеѓу Шалке 04 и Волфсбург. Среќата овој пат беше на страната на домаќините кои преку Кевин Курањи во последните секунди израмнија на 2:2. Гостите со головите на Жеко и Кајубу водеа со 2:1, но на крајот мораа да се задиоволат само со реми. Играчот на Волфсбург, Марсел Шафер по натпреварот изјави :

Fussball Bundesliga FC Schalke 04 VfL Wolfsburg
Фудбалерите на Шалке 04Фотографија: AP

„Се разбира дека е одлично кога во 90 минута ќе го израмните резултатот. Мислам дека не требаше да дозволиме тоа да се случи“

Напаѓачот на противникот, Кевин Курањи, беше помалку разочаран од крајниот епилог:

„Се разбира дека е штета. Повеќе сакавме победа. Се разбира дека за мене е важно, дека денеска постигнав голови, но поважно ми е кога тимот победува„ изјави Курањи

Тренерот на Волфсбург, Феликс Магат, е разочаран:

„Се разбира дека сме разочарани кога до 94 минута имавме водство од 2:1. Потоа дојде израмнувањето и загубивме два бода. Меѓутоа на крај останува фактот дека тимот одигра одлично и заслужи победа на овој натпревар„ изјави Магат

Неговиот колега од клупата на Шалке, Фред Рутен, смета дека неговиот тим е сеуште во реформа и бара трпение:

„Знам дека резултатите се важни, но според начинот и мудроста со која игравме во првото полувреме, може да се каже дека тимот работи онакак како што сакаме„ изјави Рутен

Нерешено заврши и вчерашниот трет дуел во Дортмунд, Борусија и Хановер одиграа 1:1. Тренерот на Борусија, Јирген Клоп, се надеваше на повеќе, но на крајот беше реален:

„Во четвртокот во Купот на УЕФА против Удинезе одигравме 120 минути така што и ова не беше лесно. Се обидовме се`. Вечерва не одигравме се како што требаше и затоа освоивме само еден бод„ изјави Клоп

Хофенхајм и натаму сигурен

Повторно како што треба одигра Хофенхајм. Новиот прволигаш и хитот во првиот дел од првенството, победи со 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт и во моментов се наоѓа на второто место на табелата со три бода помалку од Хамбургер.

Deutschland Fußball 2. Bundeliga TSG 1899 Hoffenheim Gruppenfoto
Хитот на сезоната, ХофенхајмФотографија: picture-alliance/ dpa

Со ист број на бодови е и Штутгарт, кој во саботата беше убедлив во дуелот против Вердер Бремен, совладувајќи го со 4:1. По слабото издание во реванш дуелот од Купот на УЕФА, Штутгарт делуваше како прерпороден пред 55.000 публика на Мерцедез Бенц Арената, Тренерот Армин Фе е презадоволен од триумфот против Вердер:

„Мислам дека вечерва одигравме еден извонреден натпревар. Уште од првата минута игравме дисциплинирано, но исто така и динамично. Бевме брзи во нападот и направивме повеќе шанси„ изјави Фе

На четвртата позиција, со четири бодови помалку од лидерот се наоѓа Баер Леверкузен, кој дома загуби минимално 1:0 од Херта од Берлин. Петти е Шалке 04.

Fussball Bundesliga Bayern München VfL Bochum
Од натпреварот Баерн-БохумФотографија: AP

Инаку белег на колото секако остава и повторното разочарувачко издание на Баерн Минхен. Избраниците на тренерот Јирген Клинсман очигледно дека сеуште не можат да излезат од кризата во која се наоѓаат веќе подолго време. Во саботата на Алијанц арената во Минхен, баварците одиграа 3:3 против Бохум. Баварците имаа водство од 3:1 но во финишот се опуштија и на брзина примија два гола. По ваквиот епилог Баерн се наоѓа дури на 11. позиција на табелата со само девет освоени бодови од седум првенствени натпревари. Тренерот Јирген Клинсман не може да биде задоволен:

„Резултатот е секако незадоволителен. Кога имате водство од 3:1 и многу шанси да постигнете, четврти, петти гол, тогаш не треба да се случи она што го доживеавме, што многу ме лути. Но сепак не можеме да смениме ништо„ изјави Клинсман

Отказ за тренерот на Борусија Менхенгладбах

Во борбата во долниот дел на табелата повторно разочара и Борусија Менхенгладбах која во локалното дерби против Келн загуби со 2:1. Како последица од ваквото слабо издание на Борусија, која е последна на табелата со само три бодови, тренерот Јос Лухукај, ќе добие отказ. Претпоследен на табелата е Ајнтрахт Франкфурт, а во опасната зона на испаѓање се наоѓа и Енерги Котбус. Едно место погоре е Арминија Билефелд која дома загуби од Карслруе со 2:1