1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамнеи се заканува со енергетска криза

5 јуни 2006

Хавиер Солана патува за Техеран да ја презентира понудата на западните земји.

https://p.dw.com/p/Ac63
Ајатолахот Хамнеи
Ајатолахот ХамнеиФотографија: AP

Иран и неговата атомска програма и натаму е тема број еден во светот. Властите во Техеран засега одбиваат целосно да се откажат од процесот на облагородување на ураниум, кој западот усвои пакет мерки, кои меѓу останатото содржат и изградба на реактор на лесна вода. Синоќа во Техеран се одржа 17 годишнината од смртта на револуционерниот лидер, Ајатолахот Хомеини. Повод пред мавзолејот да се соберат илјадници луѓе како и првите луѓе на режимот. Број еден како и порано не беше претседателот Махмуд Ахмадинеџад туку духовниот лидер Ајатолахот Хамнеи. Америка не може ништо да направи порача Хамнеи кој на говорницата зборуваше за проблемите со кои САД се соочени во Ирак, Авганистан и Палестина. Вашингтон неможе да си дозволи да направи друга грешка, порача Хамнеи и додаде:

„ Доколку направат само мала грешка кога станува збор за Иран, тогаш ќе биде загрозен текот на енергијата во регионот. Тоа би требало да го знаат„

Цената на барел нафта во моментов достигна рекордно ниво од 70 долари. Иран е четврта земја во светот по извоз на нафта и вотра по резерви на гас. Се разбира иранскиот министер за нафтени прашања потврди дека енергијата не може да се злоупотреби како оружје и дека нафтата и политиката не може да се мешаат. Во својот говор Хамнеи не кажа ништо прецизно за последната пакет понуда на западните земји. Во Иран сеуште не знаат точно што содржи понудата пакет мерки која на средбата во Виена ја усвоија петте постојани членки на советот за безбедност и Германија. Денеска во Техеран треба да допатува високиот преставник за безедност и надворешни прашања на унијата Хавиер Солана, кој на тамошните власти треба да им ја презентира понудата.

Инаку Хамнеи во свиојот говор порача дека Иран ќе се ориентира кон националните интереси. Меѓу нив спаѓа и процесот на облагородување на ураниумот кој западот бара да биде запрен. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад во телефонскиот разговор на генералниот секретар на ОН Кофи Анан му ветил:

„ Прво ќе видиме што стои во предлогот. Пото врз основа на националниот интерес ќе донесеме одлука која ќе има ја соопштиме на јавноста„

Крајниот рок за одговор според западните земји е до самитот на групата осум најразвиени кој треба да се доржи наредниот месец. Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс во меѓувреме изјави дека меѓународната заедница има втора опција доколку не биде прифатена понудата од состанокот во Виена

„ Не верувам во утрвдување термини или крајни рокови. Единствена работа е дека тоа не треба да биде бесконечно. Иранската програма е во прогрес и меѓународната заедница треба да знае дали преговарачката опција е навистина одржлива„ рече Кондолиза Рајс