1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ханија одбива распуштање на владата

15 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ax0G

Палестинската влада на премиерот Исмаил Ханија се противи на одлууката за распуштање на владата. Од страна на претседателот Махмуд Абас. На прес конференција тој рече дека Абас избрзано ја донел својата одлука. Претседателот на Палестинците вчера ја распушти владата на национлано единство и прогласи вонредна состојба во појасот на Газа. Абас според податоци на неговиот порпарол планира да формира вонредна влада. Во меѓувреме се зголемува опасноста борботите меѓу приврзаниците на Хамас и Фатах од појасот на Газа да се префрлат во Западниот брег. Утрово во Газа ситуацијата е мирна.