1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос на Хаити

14 јануари 2010

По катастрофалниот земјотрес, во главниот град на Хаити Порт-о-Пренс владее хаос. Преживеаните се препуштени сами на себе, организирана помош практично не постои. Мѓународната помош пристигнува отежнато.

https://p.dw.com/p/LVOl
Преживеани луѓе по земјотресот на ХаитиФотографија: AP

Првите слики од Порт-о-Пренс потсетуваат на 11 септември во Њујорк: исто како и по нападот врз кулите близначки, и по улиците на главниот град на Хаити се движат уплашени луѓе, облеани со крв и покриени со прашина. На нивните лица се чита вџашеност.

Улиците се непробивни, населбите од височините како лавини се урнаа во долината. Автомобилскиот сообраќај и натаму е во прекин, превозот во најдобар случај се одвива со моторцикли или пак пеш, ја отсликува ситуацијата радиорепортерот Карел Педре. Тој е безнадежен, со оглед на економската катастрофа, во која претходно беше западната најсиромашната земја на Латинска Америка. „Луѓето секојдневно се борат за да преживеат. Во поголемиот дел од објектите кои сега се урнаа, беа сместени и малкуте претпријатија кои се активни во земјата. На пример, имаше голем комплекс со кино, супермаркет и апартмани. Но, тоа се урна. Навистина е тешко за нас.“

Haiti Erdbeben Flash-Galerie
Претседателската палата во главниот град на ХаитиФотографија: AP

Се урна дури и масивната претседателска палата, повеќе министерства и една трикатна детска болница. Како исчезнати се водат и соработници на меѓународните хуманитарни организации. На десетици илјади луѓе им е потребна медицинска помош. Меѓународните организации се обидуваат да им помогнат, но недостасуваат лекарства, а речиси сите болници не се функционални.

Мисијата на ОН претпре тешки загуби

Постојат стравувања дека тешки загуби претпре и мировната мисија на ОН. Нивното главно седиште на Хаити исто така се урна. Генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки Мун во Њујорк изјави: „Во моментот на земјотресот во објектот се наоѓале околу 100 до 150 луѓе. Подетални информации се’уште немаме. Бразилските сини шлемови цела ноќ се обидуваа да ги откопаат нашите луѓе, но поради темницата и недостатокот на инфраструктура речиси и не постигнаа напредок.“

Во катастрофалниот земјотрес животот најверојатно го загуби и шефот на мисијата на ОН, Хеди Анаби. Бискупот на градот Јосеф Серж Миот е пронајден мртов.

Оспособен меѓународниот аеродром

Haiti / Erdbeben / Port-au-Prince
Урната куќа во Порт-о-ПренсФотографија: AP

Во Порт-о-Пренс се урна и познатиот хотел „Монтана“ каде беа сместени високите гости во земјата. Само под урнатините на овој хотел се сметаат дека има околу 200 лица, 100 се спасени. Се’уште не постои никаков контакт со југоистокот на Хаити, кој лежи непосредно во областа погодена од земјотресот. Телефонските врски се во прекин, а улиците се непроодни.

Дали стотици, илјади или десетици илјади луѓе го загубија животот ќе се знае дури наредните денови. Олеснителна околност е што е оспособен меѓународниот аеродром, преку кој пристигнаа првите хуманитарните работници и помошта за настраданите од земјотресот на Хаити.

Автор: Михаил Кастрициус / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска