1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хауит бара одложување на резолуцијата за Македонија

Т. Гламчевски/мкф25 февруари 2013

Поради политичката криза во земјата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент побара одложување на гласањето за резолуцијата за напредокот кон ЕУ. Хауит стравува дека исходот би бил негативен

https://p.dw.com/p/17lWN
Фотографија: Getty Images

Известувачот на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, Ричард Хауит, на почетокот од расправата за напредокот на Македонија во Комисијата за надворешни работи, официјално побара одлагање на гласањето на предложената резолуција за Македонија.

Образложението за одлагањето на гласањето на резолуцијата, според Хауит е поради актуелната ситуација во Македонија која е „крајно загрижувачка“ и која сигурно ако се задржи сегашниот календар за усвојување на резолуцијата од страна Комисијата за надворешни работи и потоа на пленарна сесија на Европскиот парламент, ќе доведе до негативен текст за Македонија.

„Верувам дека одложувањето ќе биде порака дека ја поддржуваме европската
перспектива на земјата, но и дека бараме надминување на моменталната
политичка ситуација“, рече Хауит.

Ховит не даде рок за одложувањето на гласањето, надевајќи се дека ќе биде постигнат напредок во изнаоѓањето на решение на сериозната политичка криза. Најголемиот број од европратениците кои засега зедоа збор во расправата се согласија со предлогот на Ховит, со исклучок на грчката европратеничка Марија Јанаки. Таа смета дека треба да се изгласа резолуцијата во која ќе биде одразена „вистинската политичка ситуација“во земјата.

Предвидено беше да се гласа следниот месец во Комисијата, а во април на ниво на Европскиот Парламент. Предлогот на Хауит е поддржан од групата на Европските народни партии и Зелените.