Хауит на Ахмети му ветил целосна поддршка за Македонија
3 октомври 2013Известувачот за Македонија при Европскиот парламент (ЕП) Ричард Хауит дал ветување дека ЕП ќе даде целосна поддршка за европската перспектива на Македонија. На средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, двајцата разговарале за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, како и за сите останати активности во поглед на евроинтеграциите.
Ахмети побарал мобилизација на институциите на ЕУ и координација со САД и НАТО за конечна стабилизација на регионот и негова интеграција во ЕУ и НАТО. Според претседателот на ДУИ, потребно е и директно вклучување на Брисел во процесот за постигнување на решение, на оној начин како што тоа го сториле и за Приштина и Белград, но и при постигнувањето на договорот од 1 март во Македонија.
Хауит, пак, исто така се осврнал и на состојбите со медиумите во земјата, а ја нагласил и потребата од тоа локалните власти да им помогнат на челниците во Брисел, за конечно да се постигне посакуваниот успех.