1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хауит сака да влијае конструктивно

ТГ/миа/ЕМФ14 февруари 2013

Известувачот на ЕП за Македонија Ричард Хауит денеска (14.02) во Скопје има средби со македонскиот државен врв и со претставници на политички партии.

https://p.dw.com/p/17doc
Фотографија: picture alliance/dpa

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Хауит во земјата ќе остане до петок (15.02). Во разговорот што со него го направи ДВ околу целите на посетата на Македонија, Хауит нагласи дека му е „должност да биде во контакт со сите политички актери и сите останати фактори во општеството.“

„Но во моментов, кога постои прекин на политичкиот дијалог меѓу партиите, уште е поважно да бидам во земјата, да ги слушнам сите и да видам како европскиот пристапен процес може да ги врати работите на вистинскиот пат во Скопје.“

На прашањето дали е оптимист дека ќе биде најдено решение за дијалогот меѓу двете големи партии во Македонија, известувачот на Европскиот парламент вели дека неговата работа не е да биде оптимист или песимист.

„Мојата работа е да и‘ помогнам на земјата да се приближи кон Европската унија и сакам да ги сослушам сите партии. Се надевам дека со тоа што ќе бидам во земјата, што ќе ги слушнам сите инволвирани во политичката криза, ќе имам позитивно влијание, но не како судија или посредник, бидејќи тоа не е мојата улога, туку позитивно и конструктивно влијание што ќе овозможи да се воспостави дијалог и да се фокусираме на тоа што треба, а тоа е добивање на датумот за пристапните преговори, што ми е главниот приоритет“ изјави Хауит за ДВ.