1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хашкиот трибунал повторно го ослободи Харадинај

Б. Георгиевски/дв/афп29 ноември 2012

Харадинај и неговите соработници од поранешната ОВК се ослободени поради недостаток на докази. Беа обвинети за убиства и мачење на цивили.

https://p.dw.com/p/16sNa
Фотографија: AP

Трибуналот за воени злосторства во Хаг ги ослободи од обвинението за убиства и измачувања на цивили поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и двајца негови соработници од паравоената ОВК.

Заедно со Харадинај, од шесте точки на обвинението беа ослободени и Идриз Балјај и Љах Брахимај.

Образложувајќи ја пресудата, претседавачкиот судија Баконе Молото од Јужна Африка рече дека не постојат веродостојни докази дека Рамуш Харадинај знаел за злосторствата во селото Јабланица кај Дечани.

Обвинителството бараше најмалку 20 години затвор за Харадинај и за другите двајца обвинети во случајот. Ниту еден од обвинетите во случајот не изведе сведоци во своја одбрана, а нивните адвокати тврдеа дека нема од што да се бранат.

Десетина сведоци на обвинителството во случајот против Харадинај, во текот на годините, беа убиени или исчезнаа.

Хашкиот трибунал по вторпат му судеше за истите злосторства на Харадинај, откако судењето во 2008 година исто така заврши со ослободителна пресуда за повеќе од 30 обвиненија, но апелацискиот совет одлучи дека голем број сведоци биле заплажувани за време на првото судење, па нареди ново.

Во Приштина, каде изрекувањето на пресудата за Харадинај се следеше во живо на градскиот плоштад, веднаш по зборовите на судијата следуваше огномет и голема радост на присутните.