1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хајден вети независна ЦИА

19 мај 2006

Предложениот нов шеф на ЦИА,генералот на авијација Мајкл Хајден вчера во Сенатот одговораше на критички прашања,пред се за улогата на американската тајна служба прд почетокот на ирачката војна и во заштитата од тероризам.

https://p.dw.com/p/Ae1c
Фотографија: AP

Хајден пред Сенатот ја бранеше иницираната програма од американскиот претседател Џорџ Буш за прислушување,Нешнл Секјурити Еџенси,чиј шеф беше тој.

Агенцијата започнала со прислушување на телефонските разговори во земјата по терористичките напади од 11 спетември,без притоа да побара судска дозвола. Хајден ја бранеше програмата пред се по критичките прашања од сенаторите од Демократската партија:

-Кога ги разгледувавме содржините на некои разговори,а притоа не се работеше само за двајцата соговорници,имавме причина за претпоставка дека еден од нив се наоѓа во врска со Ал Каеда.

Задача на Нешнл Секјурири Еџенси беше да ја штити слободата на Америка и безбедноста на нејзините граѓани.Притоа,секогаш постеше обзир кон приватната сфера,изјави предложениот директор на ЦИА.

Од сенаторот на Демократската партија во одборот за тајни служби,Пол Левин на Хајден му беше поставено прашање за проблематичната улога на ЦИА пред почетокот на ирачката војна:

-Важно прашање за мене е дали генералот Хајден како шеф на ЦИА повторно ќе ги воспостави аналитичната независност и објективноста на тајните служби и на луѓето на власт ќе им ја каже вистината,или ќе ги преработува информациите така што ќе им одговараат на владата и на нејзината политика,како што правеше неговиот претходник Џорџ Тенет,со што ги излага Парламентот и народот.

Хајден се обиде да се извлече дипломатски од аферата:

-Гледиштата,начините на делување и толкувањата на еден политичар можат да бидат под влијание на многу работи.Работата на тајната служба мора притоа да постави граници лево и десно,а меѓу нив треба да бидат донесени политичките одлуки.

Хајден се пожали дека ЦИА во поблиското минато била топка во политичките интереси.Тој смета дека ќе биде тешко да се врати довербата кај американскиот народ со оглед на погрешните информации од тајните служби за постоење ирачко оружје за масовно уништување,имајќи го во вид Иран.Ако биде избран,Хајден најави преструктиирање на ЦИА пред се во областа на заштитата од терор и шпиунската служба.

Во врска со постоењето сомневање за мачења на затворениците во логорите на ЦИА,Хајден вети:

-Затворениците,каде и да се наоѓаат,ќе бидат третирани на начин кој нема да биде суров,нехуман или недостоинствен.

Потврдата на Хајден на функцијата според текот на неговиот настап пред Сенатот важи како многу веројатна.