1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаџинасто: Убијците кај Смиљковци да добијат казна што заслужуваат

СН/АТ/макфакс4 мај 2012

Шефот на албанската дипломатија апелира грозоморното убиство да не се гледа од верска и етничка перцепција. Бугарското министерство за надворешни работи изрази најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите.

https://p.dw.com/p/14pb8
Фотографија: MIA

Албанија поддржува целосна, точна, законска и праведна истрага, во врска со масакрот кај Смиљковското Езеро со цел оние кои се виновни да ја добијат казната што ја заслужуваат, изјавил албанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Едмонд Хаџинасто.

Како што пренесуваат албанските медиуми, тој воедно упатил апел за воздржаност и порачал грозоморното убиство да не се гледа од верска и етничка перцепција.

„Грозоморното убиство да не се гледа од верска и етничка перцепција, зашто криминалците се само криминалци“, истакнал Хаџинасто, чија изјава е прва реакција на официјална Тирана по апсењето на осомничените за петкратното убиство кај Смиљковци.

Бугарското mинистерство за надворешни работи изрази најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите во оваа трагедија, пренесува „Новините“. Министерството уште соопштило дека нема бугарски државјани меѓу петтемина убиени кај Смиљковското Езеро крај Скопје. Реакцијата на МНР во Софија следува по информациите објавени во дел од бугарските медиуми дека убиениот Александар Наќевски поседувал бугарски пасош. „Изразуваме најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите во оваа трагедија. Се придружуваме на повикот од Европскиот парламент до медиумите да известуваат точно за настанот и за претстојниот судски процес. Ги поддржуваме напорите на властите во Македонија да го истражат случајот и да ги казнат виновниците“, велат од бугарското МНР, пренесува „Новините“.