1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хидинк прва жртва на фудбалските баражи

16 ноември 2011

Репрезентациите на Хрватска, Република Ирска, Португалија и Чешка синоќа обезбедија пласман на Европското првенство во фудбал во Полска и Украина следната година.

https://p.dw.com/p/13BXC
Гус ХидинкФотографија: dapd

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Холанѓанецот Гус Хидинк доби отказ од фудбалската федерација на таа земја, откако не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство во фудбал следната година. Според неофицијалните информации, Хидинк ќе добие и отштета од околу 2,3 милиони евра поради тоа што имаше важечки договор до јуни идната година.

Синоќа, Хрватска, Република Ирска и Чешка го потврдија пласманот на шампионатот, додека Португалија во реваншот ја оправда улогата на фаворит против Бoсна и Херцеговина.

Хрватска и Турција реваншот во Загреб го завршија со резултат 0:0, благодарение на победата во првиот дуел во Истанбул од 3:0, Хрватска патува на евро собирот.

Република Ирска пред реваншот во Даблин имаше убедливи 4:0 од првиот меч во Талин, реваншот заврши без победник 1:1.

Portugal gegen Bosnien und Herzegowina EM Play off Spiel
Португалците го слават триумфот над БиХФотографија: dapd

Црна Гора, во Подгорица, беше подобар противник од Чешка, но Чесите и во вториот меч забележаа победа, Јуричек во финишот погоди за 0:1. Чешка првиот меч го доби со 2:0.

Португалија во Лисабон, предводена од Кристијано Роналдо и Хелдер Постига, кои постигнаа по два гола, ја демолира Босна и Херцеговина со 6:2.

Европското првенство во Полска и Украина ќе се одржи од 8. јуни до 1. јули 2012 година, извлекувањето на групите ќе биде на 2. декември, а она што е познато пред извлекувањето на групите е дека Полска ќе настапува во Групата А, а Украина во Групата Д.

Покрај организаторите пласман на ЕП веќе изборија: Германија, Италија, Данска, Шведска, Холандија, Грција, Русија, Шпанија, Англија и Франција.

Автор: БГ/ макфакс/ афп

Редактор: Александра Трајковска