1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хикс ќе остане в затвор уште девет месеци

31 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIZ

Австралиецот Дејвид Хикс, затвореник од Гвантанамо, е осуден од нововостановениот американски воен суд на 7 години затвор, но фактички му преостанува да одлежи уште само девет месеци. 31-годишниот Хикс е осуден поради подршка на тероризмот. Тој претходно ги повлече обвинувањата дека бил подложен на тортура во затворот и го повтори признанието дека учествувал на обука од страна на терористичката организација Ал Каеда. Хикс наскоро треба да и’ биде израчен на неговата матична земја Австралија.