1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари повторно во центарот на вниманието

Ана Енгелке 26 август 2008

На партискиот конгрес на Демократите денеска се’ се врти околу Хилари Клинтон. Сенаторката која ја изгуби предизборната кампања треба да ги убеди своите разочарани приврзаници да гласаат за Барак Обама.

https://p.dw.com/p/F4ts
Сенаторката Хилари Клинтон на крајот на капмпањата за претседателски кандидат на ДемократитеФотографија: AP

„Јас сум горда приврзаничка на Хилари Клинтон. Таа имаше искуство да биде претседател. Сега за првпат сум за Републиканецот Џон Меккејн.“ Како и многу други приврзаници на Хилари Клинтон и оваа жена во рекламниот спот размислува да го даде својот глас за Џон Меккејн. Според анкетите речиси секој петти приврзаник на Хилари во ноември ќе го даде својот глас за Џон Меккејн.

На партискиот конгрес во Денвер вакви Демократи неможе да се најдат, но и меѓу нив има приврзаници на сентаорката „Јас сум Линет Гарбер, имам 55 години и на предизборите гласав за Хилари.“ Линет Гарбер од Калифорнија носи маичка со налепници за Хилари. Таа е една од речиси 1.900 од вкупно 4.400 делегати кои гласаа за Хилари Клинтон на изборите за претседателска кандидатура. „Тажна сум и помалку разочарана, но јас сеуште можам да ја изберам и тоа ме прави среќна.“

Симболичен глас

Имено делегатите за Хилари на партискиот конгрес во Денвер може да гласаат за некогашната прва дама. За ова е постигната согласност меѓу тимовите на Обама и Хилари. Потоа Хилари Клинтон симболично својот глас ќе му го предеде на Обама и конечно сите заедно ќе гласаат за претседателскиот кандидат. Оваа постапка би требало да им помогне на приврзаниците на Хилари во ноември да го поддржат Обама.

Кај 47 годишната Џоана Касио од Џорџија ова функционира „На предизборите за претседателска кандидатура гласав за Хилари, затоа што таа беше најдобра за да ја извршува работата. Но сега Обама е наш кандидат. Сега морам да застанам зад него и затоа ќе го изберам.“

Демократ во Белата куќа

Како овој делегат од Џорџија во меѓувреме размислуваат многу приврзаници на Хилари Клинтон. Но што е со оние кои сепак не сакаат да гласаат за Обама „Тоа се само медиумите, Тие само креваат врева. Мислам дека тоа е мал број. Јас не гледам како може да се биде за Хилари и да се бира Меккејн. Тоа нема ников смисол“ вели една жена.

Линет Гарбор дури смета дека многумина по ова прашање станаа многу чувствителни „Мора да размислиш што е најдобро за твојата земја не за тебе лично. Во Белата куќа мора да има еден Демократ“