1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ХИП: 60 години бебешка храна

Симе Недевски24 април 2013

Кога станува збор за потомството, родителите не прават компромиси. Од тоа профитира ХИП, еден од најстарите производители на храна за бебиња во Германија, која има годишен промет од околу половина милијарда евра.

https://p.dw.com/p/18HEA
Фотографија: DW

Малиот Бенјамин е гладен. Неговото главно јадење денеска e моркови со органско говедско месо. Неговата мајка Ана Бајерл полага на здравата органска храна: „Важно ми е да е органски, да нема штетни материи, бидејќи мислам оти малите тела не можат да се изборат со штетните материи како ние“.

Германската компанија ХИП е првата голема компанија за бебешка храна во светот, чиј целокупен асортиман е органски.

ХИП низ целиот свет има 2.500 вработени. Неговите теглички се наоѓаат на полиците во супермаркетите во повеќето европски земји. Повеќе од 40 години, Клаус Хип ја води компанијата од германската покраина Баварија. И неговите деца работат во фирмата. Хармоничнатата семејна атмосфера, како што вели, за него е важна.

„Јас досега никогаш не сум го повишил тонот и кога треба да критикувам, размислувам предходно. Тоа мора да е нормално, имено мора да постои контрола и критика, но важен е начинот и се’ додека го правам тоа како да се критикувам самиот себеси тогаш е в ред.", вели Клаус Хип.

Baby Nahrung Hipp
Клаус ХипФотографија: DW

Тој го презел бизнисот од неговите родители на 29 годишна возраст. На почетокот имало само бисквити. Но, дури и тогаш нивните деца се појавувале на пакувањето.

„Ова дете со кренати раце е мојата братучетка која сега има преку 90 години, потоа ова е мојата средна сестра, ова е мојата постара сестра, ова е синот од нашиот тогашен директор за продажба и назад на стакленото пакување има слика од мојата најмлада сестра“, објаснува Клаус Хип

Пред 60 години компанијата ХИП започна да полни бебешка храна во теглички. Денес, таа е најголемиот производител на храна за бебиња во Германија.