1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ходорковски на слобода

АТ/ афп/дпа/ ртр20 декември 2013

Критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски е помилуван од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Кратко потоа тој денеска беше пуштен на слобода.

https://p.dw.com/p/1AduX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша помилувањето за Михаил Ходорковски. Кратко потоа во 12.20 часот по локално време (09.20 часот СЕВ) поранешниот нафтен магнат го напушти казнениот логор, јави агенцијата Интерфакс повикувајќи се на информации од безбедносни кругови. Ненадејното помилување Путин го најави вчера, на прес-конференција во Москва.

Олихарг без моќ

Нафтениот милијардер Ходорковски беше уапсен во 2003 година, а две години подоцна беше осуден поради измама и затајување на данок. Нафтениот концерн „Јукос“, чиј шеф беше Ходорковски, беше расформиран. Овој процес во меѓународни рамки беше критикуван како политички мотивиран.

Последно 50 годишниот Ходорковски очигледно беше сместен во логорот Сегеша на северот на Русија во близина на границата со Финска. Ова го јави агенцијата Интерфакс повикувајќи се на информации од надлежните власти.

Болест на мајката на Ходорковски

Во моментов се нејасни причините за помилувањето, кое беше изненадување и за адвокатите на затвореникот. Порано Ходорковски постојано одбиваше да побара помилување, бидејќи тоа во Русија е поврзано со признавање на вината.

Весникот „Комерсант“ информираше дека агенти на тајните служби се сретнале со Ходорковски во затворот, за да го иницираат чинот на помилување. Притоа тие му соопштиле дека се влошувала здравствената состојба на мајка му заболена од рак и дека освен тоа му се заканувал трет процес. Потоа Ходорковски се обратил до Путин со барање за помилување.

Олимписки игри

Путин на својата годишна прес-конференција вчера го најави помилувањето. Претходно иницираше широка амнестија, која во вторникот ја одобри и руската Дума.

Со оваа амнестија ќе бидат ослободени и членките на панк бендот „Пуси Рајот“, како и активистите на „Гринпис“.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер го поздрави ослободувањето на Ходорковски. „Тоа е добра вест“, рече тој. Сега би морале да продолжат разговорите со Русија околу правната држава и човековите права. Исто така и канцеларката Ангела Меркел изрази задоволство: „Многу често се залагав за тоа, господин Ходорковски да биде ослободен“, рече Меркел.