1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холандија бара нови правила за прошурување на ЕУ

11 април 2007
https://p.dw.com/p/AgF7

Холандија бара нови правила за проширување на ЕУ. Новиот европски договор којшто треба да ја замени уставната повелба на ЕУ траба да содржи прецизни услови за секое идно проширување на Унијата, изјави синоќа во Брисел холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс. Според него прецизното одредување на критериумите би го отстранило стравувањето кај голем број граѓани на Унијата, што придонесе за отфрлање на Уставот на референдумите во Франција и Холандија во 2005-та.