1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хојцер доби казна затвор

18 ноември 2005

Нeма соменвање дека фудбалот во Германија е спорт на народот. Подеднакво популарни се и оболужувањата. До толку се поголеми и возбудите кога ќе се случат манипулации. Скоро од почетокот на оваа година погледите се завртени кон судијата Роберт Хојцер, кој манипулирал натпревари од понизок ранг.

https://p.dw.com/p/Aejz
Сепак мора во затвор: Роберт Хојцер
Сепак мора во затвор: Роберт ХојцерФотографија: AP

Токму поради тоа, поради измама, се најде пред судот во Берлин со уште двајца кообвинети. Пресудата беше соопштена вчера: две години и пет месеци затвор за судијата Хојцер:

Кога ја слушна пресудата, 26-годишниот Роберт Хопјцер беше вчудовиден и блед. Се надеваше на условна казна што ја бараше и обвинителот во пледоајето, бидејќи со признанијата придонесе за разјаснување на обложувачкиот и сканадалот со манипулиррање на натпреварите. Бранителот на Хојцер Томас Хермес:

„Многу сме разочарани од пресудата. Со ваква пресуда се дава погрешен сигнал до оние извршители што во иднина нема да признаваат се од почетокот, туку ќе чекаат што ќе донесе истрагата„.

Сега екс-фудбалскиот судија без никаква нужда ги повреди обврските за неколку илјади евра, иако доволно заработува, изјави претседателката на судот Гетри Крамер во образложението на казната. Кообвинетиот бивш судија Доминик Маркс поради неправилно судење на два натпревара доби условна казна затвор од година ипол. Највиска козна од две години и 11 месеци доби централната личност во сканадалот и сопственик на обложувалница Анте Сапина. Како тој, така и екс судијата Роберт Хојцер најверојтано против пресудите ќе вложат жалби.