1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Храбро против кризата

Коментар на Кристина Бергман25 февруари 2009

Во првиот говор пред Конгресот, американскиот претседател Барак Обама во услови на економска криза претстави трезвена слика за состојбата на нацијата. Тој меѓутоа порача дека неговата земја може да го надмине најлошото.

https://p.dw.com/p/H0zU
Барак ОбамаФотографија: AP

Барак Обама во својот говор не најави многу нови нешта. Но, тоа не беше ни потребно. За само пет недели на функцијата, неговата влада веќе постигна зачудувачки многу: одобри 800 милијарди долари за поттикнување на економијата, обезбеди помош за семејствата на кои им се заканува принудно иселување од нивните домови, но и за банките кои се наоѓаат во вртлогот на кризата. Исто така испрати специјални пратеници во политички кризните жаришта во светот и нареди затворање на затворот во Гвантанамо на Куба.

Притоа никој не би требало сериозно да очекува, дека овие мерки ќе дејствуваат веднаш. Имено, САД се како супер танкер. Новиот капетан на бродот може да нареди поинаков курс. Сепак тешкиот брод бавно ќе ја промени насоката. Така претседателот го направи она што во моментов е најитно непоходно - им влеа сигурност на неговите сонародници, затоа што економската криза во САД истотака е и криза на доверба. Берзата нема доверба во владата, банките немаат доверба во потрошувачите, тие пак немаат верба во иднината.

Обама зрачи смиреност и сигурност

Меѓутоа Американците имаат доверба во нивниот претседател. Популарноста на Обама по стапувањето на функцијата е само благо намалена. Обама им се зблагодари на американските граѓани на тој начин што увери дека ќе се придржува до зацртаниот курс. Тој зрачи смиреност и сигурност, зашто она што на САД сега најмалку им е потребно е претседател кој при првиот отпор се откажува од своите принципи.

Тоа не значи дека е повторно потребна отпорноста на критики и тврдоглавоста на еден Џорџ Буш. Сепак едноставно е прерано, Барак Обама уште сега да се означи како неспособен, иако во новата влада не минува се’ без проблеми. Имено, берзата се’ уште чека на детали од вториот дел на програмата за подршка на финансискиот сектор. За функцијата министер за трговија во меѓувреме има дури трет кандидат, откако првите двајца, кои ги избра Обама, се повлекоа. И од натпартиската соработка досега може малку да се забележи. Сепак, со оглед на гигантските задачи кои Барак Обама и неговата администрација мора да си ги постават, тоа се само ситни работи. Оној кој веќе сега го обвинува младиот претседател дека потфрлил, мора да си го постави прашањето, дали во оваа ситуација кандидатотот на Рапубликанската партија Џон Меккејн би бил подобра алтернатива.