1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хуманитарната ситуација во Либан загрижува

19 јули 2006

Израел ја продолжува воената операција во Либан , вклучувајќи и копнени трупи . Повеќе од 100 илјади Либанци досега ги напуштија своите домови а хуманитарната ситуација во земјата предизвикува сериозна загриженост во меѓународната заедница

https://p.dw.com/p/Ac4r

Израелската армија започна нова фаза во операциите во Либан . Имено таа влезе со копнени трупи во јужниот дел на земјата , за да изврши напади врз упориштата на радикалната шиитска милиција Хезболах . Портпарол на армијата истакна дека станува збор за ограничени и јасно насочени напади. Претходно израелски воени авиони гаѓаа цели во близина на либанскиот главен град Бејрут. Две големи експлозии можеа да се чујат во гградот во раните утрински часови . Израелски проектили погодија и градоци на истокот и на југот од земјата а беше погоден и мост во градот Сидон на југот од земјата. Најмалку 27 цивили загинале во израелските напади во Либан во текот на ноќта и утринава . Конфликтот принуди повеќе од 100 илјади Либанци да ги напуштата нивните домови а голем број странци да избегаат од земјата .

Властите во Либан имаат големи тешкотии во обезбедувањето на неопходната помош за ранетите и за оние кои ги напуштаат нивните домови. Во драматичен апел , либанскиот премиер ја повика меѓународната заедниц да издејствува итен прекин на огнот , и да го спречи како што истакна израелскиот масдакр врз вицилното население во неговата земја.

Координаторот на ОН за хуманитарна помош Јан Егеланд изрази голема загриженост за актуелната хуманитарна ситуација во Либан:

„Ситуацијата е многу лоша . Имаме извештаи за стотици илјади луѓе кои биле принудени да ги напуштата своите домови . Тие бегаат во Сирија , или пак во планинските региони во Либан , или пак се обидуваат да се засолнат кај пријатели или членови на пошироките семејства . Десетици илјади пак веќе нашле засолниште во училиштата и зградите на други јавни установи“

Што се однесува пак до евакуацијата на странските државјани који се затекнаа или пак живеат во Либан , САД испратија 9 воени бродови кои започнаа да ја евакуираат првата група од 2400 американски граѓани . Пентагон планира евакуација на 8000 Американци од Либан . Велика британија соопшти дека шест нејзини воени бродови се во регионот и ќе започнат да ги префрлаат британските граѓани на сигурно . И Германија продолжува со операциите за повлекување на нејзините државјани .

Инаку за застрашувачките димензии на конфликтот кој влезе во осмиот ден говори и фактот дека досега во него загинале најмалку 250 либански и 25 израелски цивили.