1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хуманитарна помош за Мјанмар

23 мај 2008

Речиси три недели по циклонот Наргис, воената влада ќе дозволи влез на сите странски хуманиратни работници во областа погодена од катастрофата- најави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој е во посета на Мјанмар.

https://p.dw.com/p/E4ri
Бан Ки МунФотографија: AP

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун зборува за пробив. По разговорите со шефот на воената влада на Мјанмар, генералот Тан Шве, Бан Ки Мун објави дека Мјанмар ќе дозволи влез на сите странски хуманитарни работници во земјата. „Имав многу добар разговор со него. Тој искажа согласност да допушти влез на хунманитарните работници, без оглед на нивната националност.“ рече Бан. Според хуманитарните организации во опустошената делта на Иравади десетици илјади преживеани сеуште чекаат на помош.

Досега ограничена помош

Властите на Мјанмар досега не дозволуваа влез во земјата за повеќето странски хуманитарни работници. Само мал број смееа да допатуваат во пристанишниот град Јангун. Во областите погодени од катастрофата пак досега пристап имаа само домашните соработници на ОН и други хуманитарни организации. Владата на Мјанмар прифаќаше испорака на хуманитарна помош ограничено преку аеродромот во Јангун, иако веќе со денови пред брегот на Мјанмар се стационирани воени бродови на САД, Франција и Велика Британија со илјадници тони хуманитарна помош.

Притисок од страна на Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН изврши притисок врз власитите во Мијанмар уште вчера во текот на првиот ден на неговата посета на земјата „Извршив голем пристиок, исто и при мојата средба со премиерот Теин Сеин, дека мора да бидат пофлексибилни и да допуштат испорака на хуманитарна помош како и влез на хуманитарни работници во земјата за да го снабдат населението.“ рече Бан Ки Мун кој вчера ги посети и погодените области во делтата Иравади и се сретна и со преживеаните од катастрофата.

Во природната непогода според официјалните податоци животот го загубија 78 илјади луѓе, а 56 илјади сеуште се водата за исчезнати.

Засега сеуште не се знае кога меѓународните хуманитарни работници ќе може да влезат во областите на делтата Иравади. Додека одобрувањето од шефот на хунтата, генералот Танг Шве пристигне до службениците и контролните пунктови на улиците може да поминат уште неколку денови.