1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ху Џиа добитник на наградата Сахаров

Хазелбах/Гуи/ С.Н. 24 октомври 2008

Европскиот парламент и покрај притисокот на Кина, му ја додели наградата Сахаров за заслуги во борбата за човековите права на кинескиот дисидент Ху Џиа.

https://p.dw.com/p/Ffpy
Граѓаните против осудата на Ху ЏиаФотографија: AP

Европскиот парламент уште еднаш ја докажа својата независност. Додека претставниците на ЕУ во Пекинг се подготвуваа за важниот економски Самит со Кина и останатите азиски економски сили, претседателот на парламентот Ханс Герт Петеринг соопшти: „Оваа година конференцијата на претседатели одлучи наградата Сахаров за 2008-ма година да му ја додели на Ху Џиа во име на сите угнетувани во Кина и Тибет.“

Награда за борба за човековите права

Веќе со недели се знаеше дека Ху Џиа кој се наоѓа во затвор во Кина, гласи за еден од фаворитите за тоа признание. Кинеската влада која го обвинува Ху Џиа за противдржавно дејствување бараше од Европскиот парламент да не му ја доделува наградата Сахаров.

Но можеби токму тој притисок дополнително го поттикна Европскиот парламент на овој начин да го подржи Ху: „На убедливиот, ангажиран активист сега во Кина му се префрла поради неговиот ангажман за заштита на животната средина, борбата против Сидата и почитувањето на човековите права. Со доделувањето на наградата Сахаров на Ху Џиа, Европскиот парламент и оддава признание на секојдневната борба за слобода на сите борци за човекови права во Кина“ -истакна Петеринг.

Критика за кинеската влада

Свечената церемонија на врачување на наградата закажана е за 17 декември оваа година, но сеуште е неизвесно дали Ху Џиа ќе може да ја прими, со оглед дека во моментов е во затвор. Тој неофицијално беше во куќен притвор од 2006-та година. Но и од дома продолжи да ја критикува кинеската влада дека не ги почитува човековите права воочи Олимпијадата, дека не постои доволна задравствена заштита за заболените од Сида во руралните средини.

Во ноември минатата година, Џиа, преку интернет со веб-камера се вклучи во една распрва на Европскиот парламент за состојбата со човековите права во Кина: „Можам со сигурност да тврдам дека дискриминацијата за заболените од СИДА во Кина е убедливо најголема во светот. Тоа е последица на фактот дека кинеската влада во средината на 80-ти години кога болеста се појави на Запад, ја прогласи за последица на трулиот капиталистички начин на живот.“- истакна тогаш Ху. Потоа беше уапсен и ставен во затвор зашто јавноста дозна дури во почетокот на 2008-ма година.

Награда за утеха

Европската награда за семејството на Ху Џиа претставува утеха - вели Тенг Биао, близок соработник на Ху и експерт за право од Пекин. Тој меѓутоа нагласи дека е тешко да се каже дали таа ќе му помогне на Ху Џиа во ситуацијата во која сега се наоѓа: „Но без оглед на тоа, ова признание за Ху претставува голем поттик за сите борци за човекови права во Кина.“ - заклучи Тенг Биао.