1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цапф:ние сакаме стабилна Македонија со нејзиното уставно име

29 октомври 2004

Интервју на уредникот на македонската програма на Радио Дојче Веле Нада Штајнман со Ута Цапф,безбедносен експерт на германската СПД и заменик гласноговорник за надворешна политика

https://p.dw.com/p/AcKG

-Г-ѓо Цапф, вчера СПД и Зелените Сојуз 90 поставија барање за консеквентно и целосно имлементрирање на Охридскиот договор во Македонија .Зошто воопшто излеговте со оваа иницијатива?

Со мојата колешка Уши Мук бев во јули во Македонија кога одвај беше прифатен законот во парламентот и најавен референдумот . Видовме дека има навистина доволно потписи и старавувавме дека последниот дел од Охридскиот договор би можел да биде доведен во опасност.Затоа мислевме дека треба да го подржиме законот за децентрализација и за реформа на општините и да сигнализираме дека тој е последниот важен закон за имплеметација на Охридскиот договор. Стравувавме дека референдумот може да успее и да предизвика големи консеквенци во Македонија.

-Опозицијата во германскиот Бундестаг им префрлува на СПД и на Зојузот 90 /Зелените дека тоа претставува мешање во внатрешните работи затоа што демократско право на секој народ е одржување на референдум ,а токму Европа бара од Македонците да се прилагодат на европските стандарди.

-

Тоа не е поврзано едно со друго ако ние се залагаме за тоа македонските граѓани да не гласаат за референдумот туку да се согласат со имлементација на Охридскиот договор во планираната форма. Тогаш тоа не е мешање ниту пак негирање на правото да се спроведе референдумот .Тоа е политичка изјава . Ние се чувствуваме повикани да направиме таква изјава пред се затоа што како Европа прилично се замешавме во овој конфликт , како дипломатски така и со ставање на располагање војници а сега и со полициската мисија за да воспоставиме, односно да ја зачуваме стабилноста на државата така што ова не е мешање. Можам да Ви кажам дека Партијата ЦДУ ми објасни дека тие се солидаризираат со ВМРО а тоа јас го сметам за погрешна солидарност затоа што ставот на ВМРО го сметам за погрешен.

-Но и Либералите имаат задршки . ..

-Да и Либералите имаат забелешки иако не ми се разјасни соссема зошто. Немаше дебата во пленумот бидејки ќе беше доцна нокеска по пол нок .Нашите изјави се во протокол но јас уште не сум го разгледала. Во таков случај гласањето се одвива според мнозинскиот принцип и со оглед на тоа што Црвено Зелените имаат мнозинство барањето беше секако прифатено.

-Како сега во пракса ќе биде спроведувана одлуката ?

-

Прашање е што сега по дипломатски пат ќе биде преземено за да се обезбеди спроведување на Охридскиот договор. Пред се ова е политички сигнал .А ние дадовме уште еден друг политички сигнал што јас го сметам за многу важен. Сојузната влада побара уставното име на република Македонија да се користи во меѓународната комуникација затоа што јас навистина сметам дека е недозволливо ако меѓународно употребувано име е Поранешна југословенска реппублика .Тоа и за Македонците е дел од нивниот идентитет .

-Дали е ова случајно или уследи по разговорите со македонската односно грчката страна ?

-

Не ние не разговаравме со грчката страна .Тоа е резултат на нашите разговори во Македонија . Секогаш одново тоа ни беше образлагано . Јас исто така знам од долгогодишно искуство со пратеници од оваа област дека по ова прашање сите партии се согласни . Се секавам на една средба на ОБСЕ кога претставниците на Македонија налутено ги свртеа написите со нивни имиња и не сакаа да седнат зад таквите табли затоа што тоа го чувствуваат како повреда на нивниот идентитет.

-Очекувате успеси во тој правец?

-

Да ако погледнете сосема внимателно ќе видите дека пополека се пробива пракса која повеќе не прифаќа да го користи неславното име Фиром .На пример во информативното списание на главното седиште на НАТО едноставно се користи името Македонија . Значи останува само да се направи меѓународен пробив и јавно да се пледира за тоа што јас го очекувам од мојата влада.

-Доколку референдумот заврши позитивно дали во тој случај германската сојузна влада ќе и откаже натамошна помош на македонската држава?

-

Во никој случај .Тоа би било погрешно . Ние сакаме македонската држава да се стабилизира. Сакаме Охридскиот договор позитивно да биде спроведен .Ако хипотетчки претпоставиме дека референдумот позитивно ќе заврши тогаш ќе настапи ситуација за ноиви преговори за нов закон . Тоа е парламентарна процедура . Ние ќе ја подржиме владата во нејзините настојување последниот дел од Охридскиот договор позитивно да се спроведе. Не би било наместо ако Македонците би се казниле затоа што се изјасниле за нешто друго .Ние сакаме а тоа и јасно го покажавме како Европа со Спогодбата за асоцијација и со барањето што Македонија сега го постави за зачленувазње дека тоа го подржуваме. Ние сакаме да придонесеме таму да се унапреди стабилноста, правната држава и заштитата на малцинските права И би било погрешно да се повлече подршката .Тоа во никој случај.

-Како ја оценувата моменталнат ситуација во македонија во предвецерје на Референдумот ?

-

Сега нема големи безредија како кога се најави референдумот кога имаше демонстрации. Тогаш тоа се чинеше опасно . Според мои информации владее нормална ситуација затоа што луќето сега сакаат да видат како ке заврши референдумот .Зависно од исходот може да се очекуват комликации но ми се чини дека не треба да се прави сега паника . Нам ни беше важно да поставиме знак дека ние како владини фракции го подржуваме процесот на спроведување до крај на договорот. И дека одлуката на владата и на парламентот ги сметаме за вистинскиот пат.