1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цената на бензинот до небо

25 февруари 2012

Според информација на авто-мото сојузот на Германија (АДАЦ), во просек еден литар дизел во земјата чини 1,51 евро, додека цената на супер Е10 е 1,62 евра.

https://p.dw.com/p/14A2c
Фотографија: dapd

Кој во моментов стои на германска бензиска пумпа, не може да си верува на очите. Цената на бензините расте и расте, оваа недела на највиското ниво од кога и да е досега.

Нафтените компании упатуваат на цената на нафтата, бидејќи и таа порасна рапидно. За возачите тоа не е утеха.

„Што треба да се прави? Не можам да ставам чисто маслиново масло“, вели еден граѓанин.

„Ах, секогаш се измислува нешто ново. Најпрво е војната во Авганистан. Потоа, е нуклеарниот проект во Иран. Секогаш е нешто. Очигледно се работи само за тоа цената да се крева нагоре и да се шпекулира на берзата“, забележува друг Германец.

Но, тука не се работи само за нафтата. Тоа барем го велат од Здружението на нафтената индустрија.

„Има доволно гориво на пазарот. Како и да е, во моментов имаме еден голем кризен регион. Тука како клучен збор треба да се каже – Иран, кој веќе одамна се заканува со запирање на неговата испорака кон Европа“, вели Карин Рецлаф од Здружението на нафтената индустрија.

Така, стравот од криза и војна уште еднаш е движечка сила на пазарот.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Јан Палокат / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска