1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цените на бензинот растат

13 април 2006

Цените на бензинот во Германија растат. Реакциите на граѓаните и политичарите – од воздржана критика до оценки во стилот “ова е бесрамно“.

https://p.dw.com/p/AeM5
Фотографија: dpa

Велигден е на прагот, и вообичаено со доаѓањето на Велигден доаѓаат и зголемувањата на цените на бензините.

Цените на бензинот се повисоки за околу три центи, додека дизелот се продава во просек поскапо за два до три центи. Притоа, разликите во цените се разликуваат прилично од една во друга покраина. Ако граѓаните на Бремен плаќаат еден литар супер бензин 1,28 евра, оние во покраината Тирингија плаќаат цели 6 центи повеќе, или за еден резервоар од 40 литри, мораат да дадат 2 евра и 40 центи повеќе. Хајно Елферт од Службата за информирање во сферата на енергијата, од Хамбург, пробува да објасни:

“Цените на бензинот се зголемени, како и секогаш во овој период на годината, значи напролет, поради тоа што на Американците им е потребен бензин од Европа, и со тоа и од Гермнаија. Американците мората да увезуваат затоа што капацитетите на нивните рафинерии не се доволни.“

Германскиот министер за сообраќај, Волфганг Тифензе, шестоко ги критикува нафтените концерни поради зголемените цени. Не е во ред граѓшаните кои патуваат за празникот, или кои мораат со автомобил да патуваат на работа, да плаќаат толкави цени за бензин, вели Тифензе.

“Немам разбирање за зголемувањето на цените на бензинот кое се случува секогаш за Велигден. Тоа не може да се објасни ниту со цените на нафтата, ниту со пазарната економија. “

Сепак, вели Тифензе, поради тоа што Германија има пазарна економија, државата не може да интервенира во регулирањето на цените.

Ова е бесрамно, тврди парламентарниот државен секретар во германското министерство за екологија, Михаел Милер. Тој смета дека енергетските концерни се најголемите центри на моќ во светот, кои имаат уигран механизам и ги зголемуваат цените на бензинот секогаш за време на одморите, за Велигден или на крајот на годината за Божик.

Бензинот сега има нова рекордна цена. Таа според мислењето на портпаорлот на германскиот сообраќање клуб, Герд Лотшпилен, ќе расте и натаму.