1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цивилизациите и прославата на Нова година

АМ/миа31 декември 2013

Цивилизациите низ целиот свет барем четири милениуми го слават почетокот на секоја нова година. Денес, повеќето прослави за Нова Година започнуваат на 31 декември, на последниот ден од Грегоријанскиот календар.

https://p.dw.com/p/1AjoM
Silvester Wien
Фотографија: Reuters

Вообичаените традиции вклучуваат одење на забави, конзумирање на посебни новогодишни јадења, правење планови за новата година и гледање огномети.

Првите забележани прослави во чест на доаѓањето на новата година не’ враќаат речиси 4.000 години наназад, во стариот Вавилон. За Вавилонците, првата нова месечина по пролетната рамнодневица - денот на крајот на март со еднаков број часови сонце и мрак, го означувал почетокот на новата година. Тие ја одбележувале свеченоста со масовен религиозен фестивал наречен Акиту.

Низ антиката, цивилизациите низ светот развиле се пософистицирани календари, вообичаено врзувајќи го првиот ден од годината со некој земјоделски или астрономски настан. На пример, во Египет годината започнувала со годишните поплавувања на реката Нил, кои се совпаѓале со појавата на ѕвездата Сириус.

Glücksbringer
Во Германија се подаруваат детелинки со четири листа се подарува за среќа во новата годинаФотографија: Fotolia/greenpapillon

Во меѓувреме, првиот ден од кинеската Нова година се совпаѓал со втората млада месечина по зимската равнодневица.

Кога Новата година почнала да се празнува со доаѓањето на јануари?

Првиот римски календар се состоел од 10 месеци или 304 дена, а секоја нова година започнувала со пролетната рамнодневица. Според традицијата, календарот го креирал Ромул, основачот на Рим, во осмиот век пред н.е. На подоцнежниот крал Нума Помпилус, му се припишува додавањето на месеците јануари и февруари.

Со текот на вековите, календарот излегол од синхронизацијата со сонцето, па во 46 г.пр.н.е. императорот Јулиј Цезар одличил да го реши проблемот консултирајќи се со најголемиоте астрономи и математичари на тоа време. Тој го вовел Јулијанскиот календар, кој е многу близок со помодерниот Грегоријански календар, кој повеќето земји низ светот денес го користат. Како дел од неговите реформи, Цезар го означил 1 јануари како прв ден во годината, делумно во чест на богот Јанус - бог на почетоците, чии две лица му овозможувале да гледа и назад во минатото и напред во иднината. Римјаните славеле со поднесување жртва на Јанус, си разменувале подароци едни со други, ги украсувале нивните домови со ловорови гранчиња и организирале бучни забави.

Во средновековна Европа, христијанските владетели привремено го замениле 1 јануари како прв ден во годината со деновите кои имале поголема религиозно значење, како што се 25 декември (денот на раѓањето на Христос), и 25 март (Благовештение). Папата Григориј 18-ти го вратил 1 јануари како прв ден во новата година во 1582 година.

Symbolbild Champagner Sekt Korken Flasche Silvester
Во најголем дел од државите во светот се прославува со многу храна и пијалоциФотографија: Fotolia/psdesign1

Современи традиции

Во многу земји, славењето на Нова година започнува вечерта на 31 декември и продолжува во раните утрински часови на 1 јануари. Во Шпанија, и во неколку други земји од шпанското говорно подрачје, луѓето непосредно пред полноќ врзуваат десетина портокали што ги симболизираат нивните надежи за идните месеци. Во многу делови од светот, на традиционалните новогодишни трпези има мешунки, за кои се смета дека претставуваат парички и го одбележуваат идниот финансиски успех. Така, во Италија се подготвува леќа, а во јужните држави на САД црн грав.

Бидејќи прасињата во некои култури претставуваат прогрес и просперитет, свинското месо е присутно на новогодишните трпези на Куба, во Австрија, Унгарија, Португалија и во други земји.

Тортите и колачињата во облик на прстени се знак дека годината завршила полн круг, и со нив се завршува богатата гозба во Холандија, Мексико, Грција и во други места. Во Шведска и Норвешка, на новогодишната вечер се служи пудинг од ориз со вметнат бадем. Се верува дека оној кој ќе го пронајде бадемот може да очекува 12 месеци добра среќа.

Други обичаи низ светот вклучуваат огномети и пеење песни со кои се поздравува новата година. Во САД, најпознатата традиција за Нова година е паѓањето на огромната топка на њујршкиот плоштад „Тајмс сквер“, во последните секунди пред полноќ. Милиони луѓе низ целиот свет го гледаат овој настан кој се случува скоро секоја година уште од 1907 година. Со текот на времето, топката пораснала од првичната тешка 350 килограми и направена од железо и дрво, во електронска топка широка четири метри во дијаметар и тешка скоро шест тони.