1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципи Ливни нов шеф на Кадима партијата

Клеменс Ференкоте 18 септември 2008

Кој ќе биде наследникот на израелскиот премиер Ехуд Олмерт, за кого постојат сомневања за корупција? По нејзиниот избор за претседател на партијата Кадима е јасно: министерката за надворешни работи Ципи Ливни.

https://p.dw.com/p/FKTg
Победа на ЛивниФотографија: AP

Ципи Ливни не губеше време. Непосредно откако беше објавена нејзината победа министерката за надворешни работи излезе пред микрофоните и најави дека ќе формира нова влада што поскоро „Првиот чекор се состои во тоа, да се обедини Кадима партијата. Уште претходно реков: Сите што беа против мене не се непријатели туку партнери. Ние бевме конкуренти, сега сме заедно и мора да воспоставиме стабилност во коалицијата и да ги одбегнеме недоразбиорањата.“

За таа цел Ливни има намера да се сретне со досегашните фракции на коалицијата во Кнесетот. Таа нагласи дека на функцијата премиер и приоаѓа со голема страво почит. Прашана од новинарите како би изгледал составот на нејзината влада, министерката одговара „Денеска нема да доделувам роботни места. Онака како што сега ги спроведов изборите, видов дека водам друга политика. Никому ништо не му ветив, и сега нема да почнам со тоа.“

Мофаз и ја честиташе победата на Ливни

Нејзиниот конкурент, што ги загуби изборите министерот за транспорт Шаул Мофаз во меѓувреме телефонски и го честиташе изборот за претседател на Кадима партијата. Тој од своја страна до последен момент се обидуваше да посее сомнеж, дали изборниот резултат е коректно спроведен. Приврзаниците на поранешниот шеф на генералштабот забележуваа и дека во некои локали имало изборни нерегуларности. Некои од резултатите би требало да се проверат, пред да бидат објавени официјалните бројки.

Во однос на Мофаз, Ципи Ливни истакна дека и е потребен министерот Мофаз за да ја стабилизира владата. 50 годишната политичарка тесно победи на изборот за наследникот на премиерот во оставка Ехуд Олмерт: Со предност од 1,1 процент односно помалку од 500 гласови. Премиерот Ехуд Олмерт на министерката Ливни и го честиташе изборот уште вчеравечер кога беа објавени првите изборни прогнози, при што нагласи дека ќе и пружи целосна поддршка при промената на власта.