1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цистерните со нафтата и натаму стојат

Горан Петрески25 април 2007

Блаце,најфрекфентниот граничен премин меѓу Македонија и Косово е под целосна блокада.

https://p.dw.com/p/AeIf

Владата во Приштина одлучи повеќе да не ја прима нафтата од Македонија. Стотината цистерни со дериватите од Окта кои повеќе од една недела чекаа дозвола за влез на Косово сега неможат ниту да се вратат назад во земјата извозник бидејќи немаат соодветна царинска документација. Превозниците се револтирани, се закануваат дека ќе ја истурат нафтата.

„Ни натаму ни наваму.Од косвскиот терминал со сила не избркаа,ни ставија лисици на рацете,не врзааа во камионите.Дојдовме овде,нашите исто така не не примија.Седум дена сме овде.Ако не,ќе ја пуштиме нафтата во реката Лепенец“,велат возачите.

Косовските власти ги спуштија рампите со образложение дека вовеле нови еколошки стандарди кои рафинеријата во Скопје не ги исполнува. Ургенциите на македонската дипломатија и бизнис заедница не помогнаа, Приштина одби да и даде време на ОКТА да се прилагоди на новите превила. Македонксиот вицепремиер Зоран Ставревски вели дека Владата не се откажува од посредничката мисија.

„Прво и основно е да се види дали станува збор за уредба со која што нормално косовските власти имаат право да си побараат повисоки стандарди и да видиме колку ОКТА е подготвена да направи,во тој дел државата може да има само посредничка улога.“

Грчките менаџери на Окта синоќа се сретнаа со претставници на македонската Владата да разговараат за новонастанатиот проблем. Извршниот директор Јоанис Психодиос по средбата со министрите од економскиот сектор изјави.

„Владата ги сослуша нашите аргументи и подготвена е да ни помогне. “

Километарскиот конвој цистерни со нафта предизвика застој на товарниот сообраќај преку блаце. Протокот на патници е слободен. Но македонскиот извоз на Косово веќе почна да ги чуствува последиците од нафтената блокада. Извозниците ќе одат преку Јажинце, другиот граничен премин кон Косово. Македонија има суфицит во вкупната размена, повеќе од 200те милиони евра годишно вреди само изозотот на нафта на косовскиот пазар.