1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски,Месиќ и Тадиќ за Косово

20 април 2007
https://p.dw.com/p/AgCE

Прашањето на Косово е најдобро да се реши преку Резолуција на Советот за безбедност на ОН, а предлогот на Марти Ахтисари е добра основа,заклучиле денеска на маргините на самитот во Охрид македонскиот претседател Бранко Црвенковски и неговиот колега од Хрватска Стипе Месиќ.Српскиот претседател Борис Тадиќ го потврдил ставот на Белград за неприфаќање на планот,нагласувајќи дека очекува поддршка од Русија.