1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски денеска на средба со лидерите на политичките партии

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BluT

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, за денеска свика средба со лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата. Средбата е инциирана, за, како што рече Црвенковски, “да види за кои прашања постои согласност меѓу нив, а каде уште треба да се работи.“ Македонскиот претседател, вчера изрази жалење за минатонеделните инциденти во парламентот и за нападите врз новинарите. Тој ги повика виновниците за инцидентите да се соочат со кривична и политичка одговорност. Црвенковски утре патува за Брисел на средба со претставници на ЕУ и НАТО. Тој најави дека ќе се обиде да ги намали евентуалните штети од случувањата во Македонија, иако тие не можат целосно да се елиминираат.