1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски за „Дневник“: Македонија треба стабилна да ја пречека разврската околу Косово

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIOX

Би било пожелно Македонија, евентуалните превирања на Косово да ги дочека политички стабилна и без меѓуетнички тензии изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски во интервју за весникот „Дневник“. Црвенковски нагласува дека ситуацијата не треба да се драматизира, но треба да се биде претпазлив. Црвенковски смета дека растечките тензии меѓу албанските партии во Македонија не се добар амбиент за безбедноста. За грчко – македонскиот спор со името Црвенковски вели дека Македонија е подготвена на конструктивни разговори,но без уцени, еднострано дефинирани рокови и наметнување неприфатливи решенија.