1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски и Груевски ќе разговараат за проблемот со името

16 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNj

Македонскиот претседател Црвенковски и премиерот Груевски на денешната средба ќе ја разгледуваат стратегијата и натамошните чекори во врска со проблемот со името со Грција. „Целта на средбата е да се направи анализа на сите досегашни сознанија за да се утврдат следните чекори,а не да се изготвува нова стратегија“, изјави вчера Црвенковски. Груевски пак рече дека од денешната средба не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Ќе разговараат и за снимките со антимакедонски скандирања на грчките војници на парадата пред претседателот на Грција, за што МНР вчера упати и официјална протестна нота до Атина. Македонија во однос на спорот со името останува на планот за двојна формула - едно име за билатерална комуникација со Грција и уставното име за преостанатиот дел од светот.