1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски стои пред големи предизвици

25 мај 2009

Старо-новиот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски прогласи вонредна состојба во партијата. Неговото долго очекувано враќање треба да ги засили разнишаните позиции на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

https://p.dw.com/p/Hws1
Бранко Црвенковски, старо-новиот претседател на СДСМФотографија: MIA

Новиот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски ќе го состави раководството на партијата до средината на јуни годинава. Црвенковски, вчера (23.05.2009), беше едногласно избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во своето обраќање, тој нагласи дека СДСМ ќе има една цел - победа на наредните парламентарни избори, а на членството му порача дека нема намера да потроши ниту една секунда кого било во партијата да мири, и оти e добредојден секој кој ќе се построи под симболот - знамето и името на СДСМ. „Секој кој сака да продолжи како досега, му посакувам среќен пат. СДСМ е отворен за секого, но СДСМ може и без секого,“ подвлече Црвенковски.

Може ли Црвенковски да биде спасител на партијата?

Поранешниот претседател на Собранието на Македонија, Љупчо Јордановски, вели: „Јас не сметам дека една целосна власт во рацете на еден човек е демократска ситуација“, рече Јордановски.

Новинарот Соња Крамарска, пак, истакнува: „Сметам дека СДСМ преживува една нормална криза по дологотрајно владеење и истовремено се соочи со една нова технологија на владеење на спротивната страна, од страна на ВМРО-ДПМНЕ,“ вели Соња Крамарска.

„За жал СДСМ не можеше да закрепне поинаку. Тоа е нивна грешка. Луѓето се научени да имаат некаков авторитет што ќе ги води,“ вели Лирим Дулови, коментатор на весникот „Коха“ на албански јазик.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска