1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора ќе стане Монако на Балканот

Сузане Глас/ Александра Трајковска 28 јули 2012

Во Црна Гора во последните години израснува луксузно пристаниште за јахтите на богатите. „Заборавениот крај“ на Јадранското Море за богатите е неоткриен природен и даночен рај.

https://p.dw.com/p/15X8A
Фотографија: DW

Влијанието на финансиската криза јасно го гледа и Оливер Корлете. Таа дојде директно пред неговата тераса во идиличната земја на Јадранот, Црна Гора и тоа преку мега и супер јахтите и мега и супер богатите. За суперјахта се сметаат бродовите кои се подолги од 24 метри, некои се долги и до 150 метри. Еден метар јахта чини впрочем околу еден милион евра.

„Оваа бранша е прилично имуна против финансиската криза. Да, ние дури профитираме од тоа. Имено нашите клиенти во вакви времиња бараат места каде можат да се вкотват со најдобра понуда во однос на цената и понудата“, вели Корлете, раководител на Порто Монтенегро.

На клиентите имено животот им го отежнува уште еден проблем: потрагата по пристаништа во морето е се’ покомплицирана, колку поголеми се јахтите и побарувањата на нивните сопственици. Одговорот на ваквите побарувања сега го нуди Црна Гора и тоа со пристаништа за јахтите кои го нудат најмалку истиот луксуз како во Монте Карло или Портофино, и тоа за половина цена.

Tourismusinsel Sveti Stefan in Montenegro
Свети СтефанФотографија: picture-alliance/dpa

Амбициозен проект за малата планинска земја на Балканот меѓу Косово и Хрватска, која има брег на Јадранот долг 300 километри. Пристаништето е во Тиват, пред Которскиот залив, инаку светско природно наследство на Унеско. На крајот на 19. век Австроунгарската монархија пренесе дел од својата флота во природното пристаниште, подоцна тука беа вкотвени југословенските воени бродови, се’ додека не рѓосаа.

Montenegrinische Stadt Kotor
КоторФотографија: Fotolia/Oleg Podzorov

Регионот западна во длабок сон, се’ додека не се појави спасителот тежок милијарди. Петер Мунк, основач на најголемиот светски производител на злато Барик, и самиот сопственик на супер јахта. Во 2006. година тој ја прелета забранетата воена зона и веднаш препозна: додека на другите места во Средоземното Море станува тесно за приватните бродови, овде има место како во рајот. Во меѓувреме, според проценките, во проектот инвестираше повеќе стотици милиони.

Телевизиски интервјуа Мунк не сака повеќе да дава. На едно од последните интервјуа 84 годишниот Мунк на една црногорска новинарка и‘ изјави дека во никој случај не станува збор за тоа само да изгради луксузно пристаниште со хотели - тоа го може секој. Со неговиот проект ќе се отвори комплетно нова дестинација.

Отворањето на новиот хотел со пет ѕвездички е планирано за летото 2014. година. Дотогаш треба да биде готово и проширувањето на пристаништето, од моменталните 250 на 600 места за вкотвување. Не само Петер Мунк е уверен дека Црна Гора ќе стане новото Монако на Балканот. На листата инвеститори стојат членови како семејството Ротшилд или рускиот алуминиумски магнат Дерипаска.

Од Дерипаска во моментов во пристаништето може да се види само еден наводен придружен брод на неговата јахта. Приватноста овде е на највисоко место. При прошетката низ пристаништето раководителот на Порто Монтенегро Корлете, пред камерите не ги поздравува ниту членовите на екипажот на јахтите. „Не, се разбира не знаеме ништо за сопствениците. Или да кажеме: не даваме никакви инфрмации. Да се возат јахти е многу привата работа“.

Не само јахтите ги имаат овие димензии, во Порто Монтенегро воопшто се размислува во тој правец, па затоа и базенот излезе посебно долг. За официјалната забава за отворање на објектот, од Мајорка во Црна Гора пристигна и сопственикот. Шведскиот претприемач Матс Валстрем и неговата свршеничка, германската актерка Урсула Карвен.

Yachthafen in Port d'Andratx (Mallorca)
Порто Монтенегро алтернатива за шпанските пристаништа за јахтиФотографија: AP

„Навистина го запоседнавме Средоземното Море. И тоа е еден дел од Европа, кој сега го немаме комплетно откриено тоа е возбудливото. Звучи многу егзотично и мислам дека оттука сега произглегува и тренд“, вели Карвен.

„Јас веќе забележувам дека некои од сопствениците ги повлекуваат јахтите од Азурниот брег или дури од Палма. Овде можат да откријат нешто ново, има ново пристаниште, воопшто поконкурентни цени и бензин без данок“, смета Валстрем.

Неоданочениот црногорски бензин се исплати со оглед на тоа што еден резервоар на брод собира по 250 илјади литри. Генерално сопствениците на јахти многу не ги сакаат даноците. Повеќето возат под знамињата на даночните оази. А во време на криза, секој гледа како најдобро да се одржи над вода.