1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна недела на светските берзи

11 октомври 2008
https://p.dw.com/p/FY1R

Поради финансиската криза, светските берзи ја завршија најлошата недела на своето тргување. На Вол Стрит во Њујорк индексот Доу Џонс на затворањето се најде на најниско ниво од 2003 година, иако падот вчера беше забавен. За една седмица овој индекс падна за 18 насто. Германскиот индекс на акции, Даск, загуби повеќе од 20 проценти, а јапонскиот Никкеи дури 24 насто. Цената на нафтата пак и натаму паѓа, во Њујорк барел чини помалу од 78 долари, што е речиси половина од пред три месеци.